ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СОЦИЈАЛА

Дел од фирмите ги исплаќаат заостанатите плати од државната помош

July 30, 2020 15:56
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, СОЦИЈАЛА
Share on FacebookShare on Twitter

Под притисок на јавноста, Владата вети дека на својата веб-страница ќе ги објави имињата на фирмите што примиле финансиска помош, а не им ја исплатиле на работниците. Од Канцеларијата на портпаролот на Владата, посочија дека се координираат со Генералниот секретаријат во врска со оваа активност. Неофицијално, за да не ги „изеде“ срамот, во меѓувреме, голем дел од газдите вчера побрзале да извршат исплата на заостанатите плати, објавува Слободен печат.

Соочени со можноста да треба да ги враќаат парите, дел од работодавачите сакале да избегнат санкции, па се раздолжиле вчера и министерката за финансии Нина Ангеловска најави дека ќе биде објавена листа на фирми што примиле поддршка за минимална плата, а не ја исплатиле. Како никогаш досега и експертите и синдикалците се сложни дека креирањето вакви и слични економски мерки, во иднина треба да биде добро осмислено и плански организирано. Синдикалните организации отидоа подалеку и јавно побараа кривична одговорност и најстроги санкции за фирмите што ја злоупотребиле помошта од државата. Правници велат дека има елементи на кривична одговорност на газдите, бидејќи сумата не е мала – околу 2 милиони евра.

Директорката на Управата за јавни приходи (УЈП) Сања Лукаревска соопшти дека 700 работодавачи користеле субвенции за исплата на платите, но во кризата и покрај субвенционирањето, платите не им ги дале на своите вработени. Таа најави и казни. Сета јавност беше гневна што работодавачи се спасувале од кризата на грбот на вработените што цело време работеа.

„Сметаме дека треба кривично да се одговара и некој да заврши зад решетките. Од УЈП беа коректни и одговорија најбргу што можат на нашите апели. Ги пронајдоа компаниите и според законот заедно со Државниот трудов инспекторат ќе ги казнат со глоба за да ги дадат парите што ги должат. Но, тоа не е доволно и мора кривично да се одговора“, побара Дарко Димовски, претседател на ССМ. Од ССМ сметаат дека ваквото однесување на работодавачите е недозволиво, неправедно, незаконско и нехумано.

И невладината „Цивил“ најостро ја осудува злоупотребата на државната помош на сметка на работниците.

– „Цивил“ најостро ги осудува противзаконските и нехумани постапки на работодавачите кои примиле финансиска помош од државата и наместо да им дадат плати на своите вработени, тие ги задржале парите за себе. Тоа е незамисливо срамно и крајно неприфатливо однесување, кое мора веднаш да биде санкционирано.

Финансиската поддршка од државата била за справување со кризата предизвикана од ковид-19, односно да се зачуваат работните места на работниците, а не работодавачите незаконски да профитираат врз грбот на работниците за време на најголемата здравствена, социјална и економска криза, со која се соочува не само нашата земја туку и целиот свет. Овој случај не смее да заврши во корист на моќниците, а на сметка на работниците кои, во голем број случаи, одвај врзуваат крај со крај. Државата не смее да биде милостива кон газдите, порачаа од „Цивил“.

Next Post

Забраната за настап на естрадни уметници во угостителските објекти пред укинување

Најново

Филипче: СДСМ бара замрзнување на цените и посебни мерки за ранливите категории

April 19, 2026
Фото: Фејсбук на МВР

МВР: Лажни дојави за бомби во два трговски центри во Скопје

April 19, 2026

(ВИДЕО) Мицкоски: Според ММФ, Македонија е трета во Европа по преземени мерки против ценовните шокови

April 19, 2026

НАСА во трка со времето: Инженерите се обидуваат да го спасат „Војаџер 1“

April 19, 2026

СДСМ бара локален референдум за рудникот за антимон во кривопаланечкото село Луке

April 19, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk