ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Ербас во првата половина од годината регистрира загуби од 1,9 милијарди евра

July 30, 2020 13:45
in ДЕНЕС, ПАНДЕМИЈА, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Производителот на авиони Ербас објави дека претрпе нето загуба од 1,9 милијарди евра во првата половина од годинава, како одраз на двојниот пад на испораките на неговите авиони во текот на периодот обележан со влијанието на кризата со новиот коронавирус, јави дописникот на МИА.

– Влијанието на пандемијата со Ковид-19 врз нашите финансии е многу видливо во вториот квартал, при што испораките на комерцијални авиони се преполовени во однос на минатата година, изјави извршниот претседател на Ербас, Гијом Фори.

Ербас испорача 196 авиони во првите шест месеци од годината, за половина помалку отколку во истиот период од 2019 година. Авиокомпаниите се во тешка ситуација поради пандемијата и бараат да се пролонгираат испораките или пак не се во можност да ги примат поради затворање на границите.

Сепак, испораките се сигурен показател за профитабилноста во аеронаутиката, главно затоа што клиентите плаќаат поголем дел од сметката кога ќе го преземат авионите.

Ербас забележа пад на промет во првото полугодие за 39 отсто (минус 55 отсто во вториот квартал), на 18,9 милијарди евра и оперативна загуба од 1,6 милијарди евра, страдајќи особено од трошоците од 332 милиони евра поврзани со крајот на програмата за големиот авион А380 во 2021 година. Групата исто така забележа 900 милиони евра трошоци поврзани со Ковид-19.

Авиосообраќајот ќе се врати на нивото од 2019 година во периодот од 2023 и 2025 година, а Ербас го намали производство за 40 отсто во однос предвиденото.

Тековната состојба на пазарот доведе до мало прилагодување на стапката на производство на А350 од шест на пет авиони месечно. Ербас пред кризата месечно произведуваше девет до 10 авиони А350.

Ербас најави дека ќе намали 15.000 работни места ширум светот, или 11 отсто од работна сила, од кои 5.000 во Франција.

Next Post

Нови 119 случаи со коронавирус и 89 оздравени пациенти

НАЈНОВО

Фото: МИА

Марш за ангелите во Кочани: Родителите до институцииите – „Не дозволувајте болката и гневот да станат уште поголеми“

November 8, 2025

Алиу: Примената на вештачката интелигенција во медицината помага за подобрување на дијагностиката, во пилот – фаза е и проектот за теле-медицина

November 8, 2025
Футуристички колаж со човечки профил во силуета, неуронска мрежа што се спојува со галактичка светлина во златно-сини тонови – симбол на свесниот универзум.

Космосот што размислува: Науката зад идејата за свесен универзум

November 8, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонецот беше актер, а вморонот декор, сега вморонот е актер, а Македонецот декор!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп со Анаис – 8 и 9 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Сем Алтман – што може GPT-5 и за колку време да очекуваме научни достигнувања од ВИ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Алиу: Примената на вештачката интелигенција во медицината помага за подобрување на дијагностиката, во пилот – фаза е и проектот за теле-медицина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk