Во последните 24 часа се направени 1.325 тестирања, а регистрирани се 119 нови случаи на ковид-19.
Починати се 4 лица, три пациенти од Скопје и пациент од Гостивар.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 89 оздравени пациенти.
Досега во земјата се направени вкупно 100.940 тестирања на ковид -19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 10.617, бројката на оздравени пациенти е 6.020, на починати е 480, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 4.117.