Владата објави список со називи на компании кои земале финансиска поддршка од државата за исплата на плата на вработените за време на корона-кризата, но не им ја исплатиле на работниците.
Од Управата за јавни приходи пред два дена на објавија дека 708 компании кои за април и мај зеле околу 385 000 евра од државата за субвенции на платите, но не им ги исплатиле на нивните вработени.
Од Владата најавија дека ќе побараат од Обвинителството покренување постапка за утврдување кривична одгворност против одговорните лица во компаниите.