ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Османи: Не сме разговарале во нашата партијата за ротации на премиерскиот мандат

July 30, 2020 20:52
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Очекувам многу бргу да се формираат институциите со претставниците на двете поголеми заедници во државата, вели вицепремиерот за европски прашања и генерален секретар на ДУИ Бујар Османи.

Ние, истакна Османи во гостување во вестите на ТВ Сител, јасно кажавме дека треба да има еден влезен билет за да може да разговараме со политичките партии за владина коалиција за другите прашања како што е прашањето на премиерот и поделба на одговорности.

– Влезниот билет е јавното потврдување на поддршка за трите договора, бидејќи ДУИ се смета како чувар на трите договора: Преспанскиот, за добрососедски односи со Бугарија и Охридскиот рамковен договор. Би разговарале за поделба на одговорности само со тие партии коишто би ги прифатиле трите договора, рече Османи во гостувањето на вестите во Сител телевизија.

Во коментар на објавените информации за ротации на премиерскиот мандат, Османи рече тие во нивната партија се уште не разговарале за да имаат некаков став околу ова прашање.

– Прашањето на ротации кое што се покренува од аналитичарите веројатно го покренувале искуствата во светот како Израел и други влади. Ние за тоа прашање не сме разговарале во нашата во партијата за да имаме став. Ниту во нашата партија, ниту со други партии. Затоа, повеќе ги гледам како аналитички пристап на различни варијанти на една идеја во зависност од искуствата кои што ги има светот, рече тој.

Во однос на тоа каде се гледа ДУИ, Османи изјави дека дека резултатите се јасни и оти нивната партија е апсолутен победник кај албанското гласачко тело, а со тоа Албанците, како што рече, и дадоа легимитет на оваа партија да разговара со македонска политичка партија за составување на влада.

– Непишано правило е кај нас владата да ја соочинуваат двете претставници на двете поголеми заедници, со цел институционално да се  канализира етничката енергија. Тоа го научивме од искуството и се покажа како најдоброто решение за политичката стабилност во оваа држава, бидејќи доколку не ја канализирате етничката енергија на институционален пат, тогаш ни се случува злоупотреба на таа енергија од различни трети страна. Резултатите се јасни. Јас очекувам многу бргу да се формираат институциите со претставниците на двете поголеми заедници во државата, посочи Османи.

На прашање за поканата што ја доби претседателот на ДУИ Али Ахмети од Меѓународниот суд во Хаг, Османи изјави дека Ахемети е повикан во својство на сведок како еден од основачите на ОВК и оти ја прифатил поканата.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Мицкоски: Потребно е зголемување на кредитот за автопатот Кичево – Охрид

July 14, 2025

(ВИДЕО) Трамп: Многу сум разочаран од Путин, воена опрема вредна милијарди долари ќе биде испратена во Украина

July 14, 2025

(ВИДЕО) Трамп ѝ се закани на Русија: Ќе испратиме „врвно оружје“ до НАТО сојузниците и Украина, ако не прекине војната за 50 дена

July 14, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ВИДЕО) Мицкоски и Николоски се возеа по автопатот Кичево – Охрид: Аце, одлично изгледа ова, ако беше лесно немаше сигурно да бидеме ние

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Измени во Законот за возила, станиците за технички преглед ќе даваат потврда за регистрирано возило

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Приказна за лавот и глушецот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ФОТО) Дуња Иванова вицешампионка на Балканското првенство во МТБ Маратон

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од „свадба без невеста“ до сликање на автопат: Власта се гордее со проект што до вчера го нарекуваше фијаско

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk