ВЛАДАТА објави список со називи на компании кои земале финансиска поддршка од државата за исплата на плата на вработените за време на корона-кризата, но не им ја исплатиле на работниците.
ДЕМАНТ од УЈП во врска со написот „Околу 10 милиони евра украле газдите од државната помош за исплата на минималец“.
ОСМАНИ: Не сме разговарале во нашата партијата за ротации на премиерскиот мандат
ШВЕДСКИТЕ власти повикаа да се работи од дома барем до Нова година, со оглед на тоа дека во државата се регистрирани повеќе од 80.000 лица заразени со новиот коронавирус.
ДНЕВЕН преглед на состојбата со Ковид-19 во светот, повеќе од 17,3 милиони заразени.
ВЕЌЕ трет ден во Грција е регистриран зголемен број нови случаи на Ковид-19, највисок во изминатиот период, јави дописничката на МИА од Атина.
ТОМ Тибодо беше официјално објавен за нов главен тренер на Њујорк Никс. 62-годишниот стручњак ќе седне на главното место на клупата на тимот од Њујорк, откако ги водеше Минесота Тимбервулвс за последен пат во периодот од 2016 до 2019 година.
ВО Скопје 39, во Демир Капија и Гевгелија измерени 40 степени.
ЛАНИ на територијата на државава се документирани девет смртни случаи на бегалци и мигранти, а годинава уште седум, покажуваат податоците на Агенцијата на ОН за бегалци УНХЦР.
БРУТО домашниот производ на САД во второто тримесечје се намалил за рекордни 32.9 проценти, најголем пад на економијата после Големата депресија (1929-1933), а како резултат на пандемијата на коронавирус што предизвика запирање на потрошувачката и бизнис активностите во земјата.
ЕДНО од 3 деца во светот имаат високo ниво на олово во крвта, покажуваат податоците од глобална студија.
Ј. Ѓ.