ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Д-р Чепреганов: Државата добро се справува со Ковид-19, проблемот е во интерперсоналниот однос на народот

Македонскиот народ троши многу емоции зашто така е воспитан. Емоциите се во ред, ама секој психоемотивен наплив ја стеснува свеста и стеснетата свест го пореметува логичното мислење. Тука лежи проблемот на мојот народ.

August 1, 2020 18:38
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО, ПАНДЕМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Одговорност за ситуацијата и консултации, бидејќи „јас мислам“ и „ние мислиме“ е различно. Тоа му фали на мојот народ, вели проф. д-р Методи Чепреганов во разговор за МКД.мк. Немањето самодисциплина, тоа што секогаш бараме дупка или заобиколен пат да го изиграме законот, правото, како и подмитливоста се дел од, како што ги нарекува „фалинките“ на народот и генерално и во контекст на кризата со коронавирусот. „Ние сѐ правиме за да се уништиме, никој не чита, затоа што ‘сите знаат сѐ‘, тоа е проблемот“, вели Чепреганов.

Како да го надминеме она што сега ни се случува со коронавирусот, страв, верување, па неверување, иако луѓе секојдневно умираат? Се работи за ментален склоп или за нешто друго?

„Нам ништо не ни се случува. Сѐ што ние правиме, правиме сами, ние сме креатори на ова што ни се случува. Нам никој не ни го наметнува, тоа е резултат на нашиот ментален склоп, на нашето однесување и на тоа како сме „скроени“.

За да се разбере подобро морам да се осврнам на научното објаснување дека мајката природа нè создава сите овде на мајката планета Земја, со една 10-отстотна интелигенција што се вика когнитивна или рационална. Тоа го носиме со нашето раѓање. Во тој живот нашето постоење (морам да го кажувам поедноставено, за да разбере народот, бидејќи бев шокиран кога разбрав дека 53 отсто од нашиот народ има завршено само четврто одделение) има 4 закони на природата. Првиот се вика хомеостаза, што значи биолошка рамнотежа меѓу психата и телото. Ако се поремети, одиме во болест. Вториот закон на мајката природа се вика апоптозис, што значи програмирано стареење и умирање на нашите клетки.

Третиот фактор е најбитниот и тука лежи проблемот на македонскиот човек. Тоа е матурација или созревање. Тоа значи дека секое живо битие на земјата се раѓа, созрева до одреден степен и почнува да старее. Матурација значи инкорпорација на најмалку шест параметри што треба да ги „ставиме“ во нас за да станеме зрела личност. На прво место е воспитанието од најблиските во семејството. Ако сте имале мајка што имала емпатија, љубов и знаела да се смее со вас, вие цел живот ќе се смеете. Ако сте имале мајка психопат, карактеропат и била намуртена, и вие ќе бидете цел живот намуртени.

Значи воспитанието е фундаментот на иднината на една личност. Третиот фактор му фали многу на македонскиот народ, а тоа е образованието, едукација, учење, резервоарот на знаење што треба да го акумулирате во текот на животот за да стекнете и знаење и искуство. Воспитанието и знаењето ја креираат личноста карактерот на човек, а по нив доаѓаат уште морални, етички, духовни и социјални норми.

Тоа му фали на мојот народ, со исклучоци. Јас велам дека 20 отсто од македонскиот народ има заробен ум, заробен во минатото. Иднината е животот. Има три ментални склопа, едниот е личен профил на секој од нас, вториот е профил на една нација, народ и третиот е профил таканаречен цивилизациски. Но тој еден бил во стариот век, друг бил во средниот век и трет е сега. Сега пак, со ковидот комплетно се менува перцепцијата во светот, бидејќи има животозагрижувачки фактор, за кој огромен дел од луѓето не се свесни, бидејќи таков е менталниот склоп“.

Кој е, според Вас, најголемиот проблем на македонскиот народ?

Македонскиот народ троши многу емоции зашто така е воспитан. Емоциите се во ред, ама секој психоемотивен наплив ја стеснува свеста и стеснетата свест го пореметува логичното мислење. Тука лежи проблемот на мојот народ.

Од стручен, медицински, а не од политички аспект, мислите ли дека Македонија добро се справува со ковид-19?

Апсолутно да. Мојата процена е апсолутно да, стручно. Сѐ што треба луѓето направија. Проблемот е во интерперсоналниот однос на народот и тоа никој не го кажува. Затоа што еве, и од политички аспект, партиите го користат тоа за свои партиски цели. Е тука е трагедијата. Овде треба унисоност, разбирање, почитување, заедништво, а не делби од типот „ти не знаеш, јас знам“. Мерките се во ред, грешката е во нас.

Целото интервју на МКД.МК.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Шеесет и шест жртви во израелските напади врз Појасот Газа

July 11, 2025
Скриншот

САД воведуваат 35 отсто царини за Канада, Трамп најавува тарифи за повеќето трговски партнери

July 11, 2025

ЦУК: До 7.30 часот седум активни пожари, четири под контрола и 27 изгаснати

July 11, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Се гаси регионалната телевизија Ал Џазира Балканс

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Гордоста ми удри во чело – и ми извади око

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дозвола за постоење

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски по извештајот од ЕП: Остануваме горди со крената глава, денес Бугарија работеше против нас

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија заглавена – Албанија чекори напред: Владата на Мицкоски го блокира европскиот пат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk