Да најдеме разбирање за минатото, да работиме на иднината и да се прифатиме какви сме и кои сме во сегашноста. Градењето вистинско пријателство е макотрпен, но исклучително благороден процес. Ако одиме по тој пат, заедничката историја ќе ни се насмевнува, а заедничката европска иднина ќе нѐ пречека, напиша на Фејсбук министерот за надворешни работи, Никола Димитров.
Ова на својот Фејсбук профил го напиша шефот на дипломатијата Никола Димитров, по повод тригодишнината од потпишувањето на Договорот за за пријателство, добрососедство и соработка меѓу Северна Македонија и Бугарија.
Пријател е оној кој го разбира твоето минато, верува во твојата иднина и те прифаќа баш таков каков што си”, непознат автор. Токму оваа мудрост, применета и од македонска и од бугарска страна, со трпение и зрелост, ќе нѐ носи напред, напиша Димитров.
Денеска се навршуваат три години од потпишувањето на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка меѓу Северна Македонија и Бугарија. Договорот беше потпишан во Скопје од тогашниот премиер Зоран Заев и претседателот на Владата на Бугарија, Бојко Борисов./МИА/