На Инфективната клиника во Скопје почина 27-годишно момче од Битола, кое претходно се лекувало од малигно заголување, потврдиле за САКАМДАКАЖАМ.МК од Министерството за здравство.
Починатиот пациент 27 годишно момче, хоспитализиран бил на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби од 27 јули.
Пациентот како дете бил лекуван од малигна болест на крвта во ремисија десетина години. Станува збор за акутна миелоидна леукемија, болест која и после долгогодишна ремисија остава тешки имунолошки оштетувања кои се причина за ваква тешка ковид болест, изјавиле од Министерството за здравство за СДК.
Пред да биде префрлено момчето во Скопје, било лекувано и во Клиничката болница во Битола. Работеше во познато кафуле во градот, а по појавата на симптомите кај него, од кафулето објавија на интернет дека времено нема да работат.
Ова е четврта жртва од Битола со ковид-19.
Извор: СакамДаКажам.мк