Сопругата на претседателот Пендаровски, Д-р. Елизабета Ѓоргиевска, сподели на Фејсбук информација за правилниот тип заштитни маски против коронавирусот. Ѓоргиевска потенцира дека маските со вентил кои генерално се користат кога воздухот е загаден, не помагаат во филтрирање на ситните честици кои го содржат вирусот.
Избегнувајте маски со вентил! Низ вентилот, кога издишуваме, во млаз се исфрлаат ситните капки коишто го содржат вирусот!
Носете платнени маски (најдобро трослојни) за да се заштитите себеси и сите околу вас.
Носете медицински маски ако имате Ковид-19, се грижите за лица болни од Ковид-19, имате над 60 години, или хронично заболување.
Да останеме безбедни и да се заштитиме од Ковид-19. Чувајте се!, порача Ѓоргиевска во својот пост на Фејсбук.
А. Н. С.