Новата реклама на Најк, „Не можете да нè сопрете“ (You can’t stop us), на креативен начин пренесе силна порака за обединувачката моќ на спортот, во време кога пандемијата сè уште е закана дури и за најдобро осмислените планови на сите професионални спортски лиги, како и порака за потрагата за поле со еднакви права од страна на спортисти кои сакаат да создадат промени.
Оваа реклама е комплетно составена од синхронизирани архивски снимки, во процес во кој се истражени 4.000 спортски секвенци во акција и одбрани се 72 од нив за комбинирање во 36 моменти на Сплит-екран, каде дејството од обете страни се чини дека се претопува едно во друго.
Создадена е од тимот на Вајден + Кенеди Портланд во соработка со режисерот на „Пулс филм“, Оскар Хадсон, уредниците на здружението Питер Виденсмит и Jесика Баклеи и тимот за визуелни ефекти на А52. Сценариото е на Дилан Ли од Вајден + Кенеди, а гласот е на Меган Рапино.
Заедно со секојдневните спортисти, во видеото се појавуваат и ѕвезди како Рапино, ЛеБрон Џејмс, Наоми Осака, Елиуд Кипчог, Кастер Семења, Кристијано Роналдо, Џанис Антетокунмпо, Серена Вилијамс, Колин Коперник и Килиан Мбапе.
„Играчите може да се вратат на теренот, но не се враќаме во старата нормала. Треба да продолжиме да го редефинираме овој свет и да го направиме подобар. Ги имаме сите овие луѓе на улиците, кои ги користат нивните гласови, и тие гласови се слушаат. Ги молам луѓето да бидат енергични од овој момент и да не се откажуваат. Верувам дека борбата за промени е сечија одговорност.” констатира Рапино во видеото.
Oва е само една од низата моќни реклами на Најк кои се емитуваа за време на пандемијата, почнувајќи од “Play Inside, Play for the World” кампањата во март, проследена со this April spot која беше направена со цел да се даде поддршка за сите спортисти во карантин, “Never Too Far Down” интерпретирана со гласот на Џејмс (кој исто така ја најавува “You Can’t Stop Us”), како и this stark meditation посветена на расизмот и на Движењето „Црните животи се важни“ (Black Lives Matter).
И.Е.