ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Порака од Пендаровски за Европскиот ден за сеќавање на холокаустот врз Ромите и Синтите

August 3, 2020 09:31
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, преку видео порака се обрати на виртуелната комеморативна церемонија, што по повод 2-ри август, Европскиот ден за сеќавање на холокаустот врз Ромите и Синтите, се одржа во организација на Централниот совет на германските Синти и Роми и Асоцијацијата на Роми во Полска, во соработка со државниот музеј Аушвиц-Биркенау.

Пендаровски во пораката потенцира дека денес се сеќаваме на еден ужасен датум од историјата, кога околу 4300 Роми и Синти бea убиени во нацистичкиот логор Аушвиц-Биркенау за време на Втората светска војна. Таа мрачна идеологија, подвлекува, овозможи да се случи најголемото зло во историјата, што предизвика загуба на милиони човечки животи, меѓу кои и околу 500.000 Роми и Синти од Европа и Балканот.

– Иако годинава одбележуваме 75 години од победата над фашизмот, загрижуваат некои актуелни факти и настани кои ги оживуваат историските неправди кон Ромите. Зголемениот интензитет на расизам, антициганизам, дискриминација и говор на омраза кон припадниците на ромската заедница и понатаму ја поддржуваат нејзината исклученост, некаде дури и изолираност од останатите заедници. Предрасудите и стереотипите поврзани со нивната етничка припадност остануваат главната пречка за еднаков третман во остварувањето на основните човекови права и слободи. Негирањето на геноцидот врз Ромите и Синтите, освен што ја рециклира еднаш нанесената неправда, ја спречува и можноста да учиме едни од други, едни за други, и заеднички да градиме меѓусебна доверба, почит и разбирање, стои во обраќањето на претседателот на државата.

Пендаровски нагласува дека современите општества не смеат да дозволат ваквите појави, за кои нема никакво морално и етичко оправдување, да бидат поважни од европските вредности и вредностите воопшто на едно современо демократско општество.

– Кај денешните генерации е одговорноста да создадеме отворени општества во кои секој поединец, без разлика на полот, возраста, етничката припадност, религиозното убедување или бојата на кожата, ќе има право на достоинствен живот. Сите ние имаме обврска да се сеќаваме на геноцидот врз Ромите и Синтите во Европа и на Балканот за време на Втората светска војна. Личните сведоштва на преживеаните, нивните страдања, загуби и претрпени трауми треба да ни бидат предупредување да се заложиме тој страшен период од историјата никогаш да не се повтори, никаде во светот,  вели Пендаровски во видео пораката.

Единствениот возможен пат кон развој и просперитет на нашите општества, нагласува претседателот Стево Пендаровски, е преку промовирање на човековите слободи и права, солидарноста, хуманоста и меѓусебното почитување.

Next Post

Бајден го честиташе Илинден на македонските Американци во САД

Shortcut

Најново

Државно организиран секс – кој ќе ја плати сметката?

September 5, 2026
Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

Глигоров и Филипче од Македонија

September 5, 2026

Проекција на пет кратки филма од македонски уметници во рамките на проектот „Жените и уметноста“

September 4, 2026

Филипче прашува за скриени 350 милиони евра, Мицкоски возвраќа дека СДСМ покажува економско непознавање

September 4, 2026
Илустрација Фронтлајн

Архитектот на британската AI-стратегија премина во Anthropic, се отвори прашање за конфликт на интереси

September 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Мицкоски: Јовановиќ призна дека Владата на СДСМ и ДУИ остави долг за кој денеска плаќаме камати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЦИВИЛ бара разрешувања и законска одговорност за величањето на Младиќ: Нема помирување без правда

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • До каде се реакциите на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ за четничкото дивеење на ДПСМ?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од празни селски училишта до преполни градски училници: Новата реалност на образованието

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Глигоров и Филипче од Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk