Деновиве на социјалните мрежи се појави ретка фотографија од 70тите години, од изградбата на еден од највпечатливите 10 спомен обележја во Европа.
Илинден, или Македониум, може да се нарече најпознатиот споменик во Република С. Македонија, ремек дело на уметниците Искра Грабул и Јордан Грабулоски.
Во 50тите години на минатиот век е покрената иницијатива за изградба на вакво спомен обележје, а кон крајот на 60тите веќе се формирала комисија и се објавил конкурс, на кој од осум понудени решенија одбрани се 3 во најтесен круг.
Победничкото решение на едни од најистакнатите македонски уметници во тое време, наишло на различни мислења од страна на комисијата за тоа како треба да изгледа финалното решение на спомен обележјето, но сепак модернистичкиот план ги освоил гласовите, и покрај доцнењето со изградбата, тој бил отворен на 2ри август 1974 година, на денот на триесетгодишнината на заседанието на Асном и 71 годишнината од Илинденското востание.
Ова спомен обележје и до денешен ден ја пренесува пораката за непокорноста, борбата и вечниот стремеж на македонскиот народ за слободна и самостојна држава.