Северна Македонија сѐ уште нема донесено одлука околу тоа како ќе тече наставата од 1 септември. Комисијата за заразни болести, иако беше најавено, сепак не се сретна со претставниците на МОН, но како што дознава Тв21, ќе се чека последниот рок, односно 10 август за усвојување на протокол.
„Денеска нема одлука од Комисијата за заразни болести, бидејќи не се одржа средба меѓу членовите и нашите претставници. Известуваме дека протоколите ќе бидат усвоени до 10 август, значи до овој датум ќе бидат изготвени и усвоени протоколите од Комисијата и Владата“, одговориле од Министерството за образование и наука.
Претходно, заменик-министерката за образование и наука, Елизабета Наумовска, во интервју за ТВ21, рече дека во игра се три модели за развој на образовниот систем во новата учебна година. Исто така, Наумовска, најави дека веќе нема да има онлајн настава преку „вибер“ и „месенџер“ и дека секое училиште мора да унифицира своја платформа.