По објавата на неколку портали на албански јазик, а пренесени од порталите под контрола на ВМРО-ДПМНЕ, дека Мицкоски и Ахмети се договориле за формирање влада, дојде одговор од СДСМ дека имаат мнозинство за влада.
„Очигледно е дека текстовите објавени вечерва се провидно политичко позиционирање преку злоупотреба на медиуми (ако може да се наречат медиуми), заради постигнување подобри позиции пред јавноста, но и во преговорите на одредени политички субјекти. Ние тврдиме дека СДСМ има обезбедено мнозинство за составување Влада. Тоа ќе се потврди следните денови кога ќе се добие мандатот од претседателот Стево Пендаровски и кога ќе дојде чинот на гласање во парламентот“, велат од СДСМ, според порталот 360 степени.