МојДДВ веќе брои над 315.000 корисници ??
Барајте ги вашите сметки и скенирајте ги – не само затоа што остварувате право на поврат и може да добиете некоја од дневните и месечни награди туку и поради тоа што учествувате во борбата против сивата економија, против затајувачите! – напиша денес на својот Фејсбук профил, министерката за финансии, Нина Ангеловска.
-Барајте ги и скенирајте ги вашите сметки затоа што:
[Дел од пораките во МојДДВ #МојаНаграда]
? Со неиздавање на сметка вашите 5 или 18% продавачот ги зема за себе, наместо да бидат употребени за доброто на сите!
? И трговецот кој не го уплаќа вашиот ДДВ во буџетот го користи здравствениот и образовниот систем.
? Со неиздавање на сметка продавчот прави нелојална конкуренција на чесните продавачи кои си го плаќаат данокот!
Со последните измени како одговор на ковид предизвиците беа направени промени во МојДДВ и #МојаНаграда
? Секој ден по случаен избор се доделуваат 20 награди x 1000 ден. и секој месец 15 награди x 20.000 ден.
? Повратот на ДДВ за македонски производи сега изнесува 20% и 10% за останатите.
„Причина плус да ги одбереме домашните производи кога купуваме и со тоа да им помогнеме на домашните компании и македонската економија и причина плус да ги бараме секогаш и секаде нашите сметки и да го јакнеме даночниот морал“, потсети министерката на својот профил, и порача дека сите можат да придонесат во борбата со сивата економија.
„Сите можеме да придонесеме! Сега повеќе од било кога мораме да ја зајкнеме борбата со сивата економија која е штетна за нашата економија, за нашето општество.“