ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home КУЛТУРА

Театар Гостивар со премиера на Охридско лето

August 8, 2020 09:35
in ДЕНЕС, КУЛТУРА
Share on FacebookShare on Twitter

Во најмладата театарска куќа во Македонија деновиве интензивно се работи на подготовката на нова претстава која премиерата ќе ја има на годинешното издание на фестивалот „Охридско лето“. МИА беше на една од пробите кои се изведуваат на големата сцена на Центарот за култура АСНОМ за да пренесе дел од атмосферата и пораки од новата претстава.

Втората претстава на НУ „Театар Гостивар“ се базира на текстот на „Полковникот птица“ на Христо Бојчев и ќе биде изведена на македонски јазик, а ја режира Андреј Цветановски. Првата проба и собирот на актерската екипа беа во март, но пандемијата наложи прекин на работата. Подготовките се во завршна фаза, а кон крајот на август претставата ќе се игра во Охрид.

Режисерот Андреј Цветановски за содржината вели дека станува збор за траги-комедија која не се занимава со ЕУ и НАТО интеграциите туку со исклученоста на поединецот.

– Интеграциите се само метафора за некаков дар од боговите кој ги менува ликовите. Тоа е своевидна „ода на лудоста“. Сепак оваа претстава ја работиме во околности кои не се својствени на двата столба на театарот: „сега и тука“. Овие два столба се здрмани токму од ограничувањата кои ги наметнува пандемијата, соочени со пандемијата, театарот почнува да бара начини на функционирање низ регулативите и правилата што ги носи овој нов свет. Се обидуваме низ сите тие правила да создадеме топла приказна и да го искористиме процесот и како експеримент и од прописите да направиме квалитет, рече Цветановски.

Тој искажа задоволство од ентузијазмот на екипата која во вонредни услови успева да ги претвори пречките во предизвик за да создаваат.

Главната улога во претставата ја игра Ѓорѓи Нешкоски, актер што припаѓа на помладата генерација. Тој дел од ансамблот на Тетовскиот театар, но во родниот град игра во првата професионална претстава на македонски јазик.

– Му се радувам на ликот, и на претставата. Тие носат со себе повеќе предизвици, почнувајќи од создавање на ликот, преку фазите кои ги има, па завршувајќи со овие, за сите нас специфични услови што ни ги наметнува пандемијата. За мене ова една од најдрагите улоги и заради ликот што го играм, но и пораката кој во себе ја носи. Да бидам искрен, текстот на прва не ме воодушеви, се запрашав дали е ова актуелно, и зошто баш сега во 2020 година. Но, после второто читање, топлината на текстот, ликовите, и пораката, без сомнение го менуваат првичниот став. Фактот дека ова е првата професионална претстава на македонски јазик во новата институција и да се игра носечкиот лик, сепак носи и многу поголема одговорност, но и поголема доза на возбуда, вели Ѓорѓи Нешкоски.

Покрај него како гостин настапува и Марија Кондовска, а останатите актери се од матичната куќа: Елизабета Клинчаревска-Младеновска, Марко Дојоски, Береда Решит, Аријан Ејупи, Дритон Љазами, Кујтиме Ахмети, Ајше Усеини и Берат Махмути. Сценограф и костимограф е Сергеј Светозарев а музиката е на Димитар Андоновски.

Текстот „Полковникот Птица“ беше првпат поставен на сцена во Македонија во 1998 година, во продукција на Народниот театар од Прилеп. Во него се зборува за една група ментално заболени луѓе кои живеат во лудница. По сплет на околности тие се организираат да одат до Стразбур, да го изложат својот проблем.

Цветановски е режисер кој впишува над 20 претстави, различни и по жанр и по естетика. Негови претстави освен во Македонија се играат и во Србија и Црна Гора.

Гостиварскиот театар со „Полковникот птица“ ќе настапи на 26 август во рамки на Охридско лето и ќе биде единствената театарска премиера во програмата за ова издание.

Next Post

Преговори за нова влада, средби и првични пораки меѓу партиите

Shortcut

Најново

Џабир Дерала

Новинарскиот кодекс го препознава ризикот, но не и реалноста на вештачката интелигенција

July 8, 2026

Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

July 3, 2026

Мицкоски: Нема да одам за претседател на државата, ќе предводам уште една голема победа над СДСМ на наредните избори

July 3, 2026

Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

July 2, 2026

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk