АПАСИЕВ со вулгарен говор на омраза кон Шекеринска, Костадинов му возврати дека е фашист.
ФРОНТ: Пред школскиот праг, повторно се бира меѓу Венко и Жарко или Мицко и Наќе – колумна на Џабир Дерала.
СДСМ: Продолжување на растот на платите и поддршка на домашниот приватен сектор се принципите на новата македонска економија
АД ЕСМ: Нашата цена е пониска за 55 отсто од цената на струјата на слободниот пазар.
Д-Р СТОЈАНОВ: Да се почитуваат мерките, оти медицински персонал не можеме да увеземе (ВИДЕО).
ВО текот на изминатото деноноќие на територијата на Република Северна Македонија по однос на мерката за неносење лична заштита на лице регистрирани се 423 прекршоци, соопшти МВР.
УНИВЕРЗИТЕТСКА клиника за неврологија изготви Водич за справување со невролошки заболувања во услови на КОВИД-19, соопшти Министерството за здравство.
ЛИЦЕНЦИРАНИТЕ туристички агенции кои сакаат да работат со ваучери за туризам, до утре, 10 август, може дополнително да се регистрираат на платформата „Дома си е дома“.
ПОЖАР во 13-катна станбена зграда во чешкиот град Бохумин однесе 11 животи, меѓу кои и на три деца.
НА иницијатива на францускиот претседател Емануел Макрон и ОН, светските лидери ќе одлучат денеска, на петтиот ден по катастрофалната експлозија во Бејрут, да соберат помош за Либан на видео самит.
НОВ ЗЕЛАНД има 100 дена без ниту еден нов случај на локално пренесување на коронавирусот, но властите предупредуваат дека е рано да се релаксираат мерките.
ВО јапонскиот град Нагасаки беше одбележана 75-годишнина од американското нуклеарно бомбардирање во Втората светска војна.
ТРЕНЕРОТ на Наполи, Џенаро Гатузо, го предупреди својот добар пријател Андреа Пирло дека ќе се соочи со многу тешкотии откако вчера беше назначен за тренер на Јувентус, без никакво искуство.
ЛЕВАНДОВСКИ на 4 гола од рекордот на Роналдо. Напаѓачот на Баерн Минхен, Роберт Левандовски, реализираше на двапати против Челси (4:1) и веќе има 13 гола во Лигата на шампионите.
Ј. Ѓ.