ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home МЕДИУМИ СОЦИЈАЛНИ МРЕЖИ

Секирарска: Не за враќање во училниците, ризично е

August 9, 2020 21:16
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО, СОЦИЈАЛНИ МРЕЖИ
Share on FacebookShare on Twitter

Многу пишував и говорев на тема каков е мојот став околу форматот на настава од септември. Многу енергија внесов, искрено и само во интерес на децата, чиешто здравје го сметам за исклучив приоритет во мачниве времиња во кои животот ни е дефиниран со броење, страв, тага и немоќ.

Многу пизма родителска, а богами и колегијална доживеав. И не ми е гајле за тоа. Можеби за момент ме изненади, но не ме здоболе дотолку за да не можам да прифатам каде сум, сепак. Веќе не. Расчистив каде е моето образование, сферата на која и го посветив животот и за која откако сум даскал, се бијам. Се изморив, искрено.

Она што сакам сега да го кажам, во исчекување на утрешната одлука на Комисијата за заразни болести и МОН (која каква и да биде, ќе ја почитувам независно од тоа што мислам, но ќе ја коментирам секако) е следново:

Прво, со сета почит, но училиштето не е игротека, драги родители. Не е занимална. Не е место каде се оди за да се отседи денот оти вие не знаете што да правите со оние кои сте ги создале, тогаш кога треба во вакви ужасни услови да им помогнете да научат, а не да учите наместо нив и потоа нас да не убедувате колку многу знаат кога ќе барате високи оценки.

Не е место каде во време кога се соочуваме со страотни бројки, покрај сè инсистирате на училницата, оти само таму може да се научи. Не е место каде наставниците ќе ги прифатат, а вие не дозволувате да носат маски.

Како тоа, кога е пропишана безбедносна мерка?

Како барате од нас толкава одговорност, ако самото не е научено од вас дека живее во вонредни услови кои не означуваат само права, туку и обврски?

Не е место каде што треба да бидат оти нема кој да ги чува додека сте на работа. Знам дека не е едноставно. Јас бев сама со две мали деца, затоа што мојот сопруг тогаш работеше по метеоролошки полигони, со децении. Пораснаа со жени кои ги чуваа. Јас си знам колку тешко беше. Но сепак, кој ќе ви ги чува во периодот кога заради скратените часови, ќе завршат порано? Каде ќе одат? Се прашувате ли што ќе научат за 20 минути по час, додека наставникот ги провери безбедносните мерки, додека запише отсутни ученици, додека почека ученик што доцни, додека обезбеди ред во работниот простор… Бидејќи еден од аргументите на кои се повикувате е тоа што со он лајн наставата ништо не научиле. Вака трчајќи низ материјалот, што ќе научат?

Училницата е сепак дефиниран воспитно- образовен простор каде треба да раснат и зреат нашите млади луѓе, оние кои од неа треба да изнесат знаење. Но, сепак, оние кои треба да дојдат и да останат здрави и живи, пред се. Сето останато се надокнадува. Здравјето и животот не. Тоа важи и за нас наставниците. Оти освен учениците кои ги сакаме и за кои се грижиме еднакво како вас (праксата покажува, често, а и се почесто, и повеќе) и ние имаме семејства заради кои сакаме живи да останеме.

Второ, работиме напорно и посветено, барем огромен дел од нас, независно каде и како се одвива наставата и не го заслужуваме квалификативот „седат дома и земаат плата.” Половина од неа оди за потребите на наставата и заради тоа трпи семејниот буџет-секој што има даскал дома, знае. Трето, треба да си се каже и постојано да се повторува: состојбата е загрижувачка. Во комбинација со сезонските болештини наесен, веќе нема да можеме да бидеме сигурни за што се работи. Можам да редам до утре, секако. Ќе завршам сепак со тоа што ќе повторам дека децата ни се она што сме ние. Каков поглед на свет им исцртаме, тоа ќе го гледаат. Како им го објасниме животот, така ќе го сфатат. Такви луѓе ќе бидат.

Од мене, толку.

#НеЗаВраќањеВоУчилницаРизичноЕ

пишува: Елизабета Секирарска, професор во СОУ „Перо Наков“ Куманово

Next Post

Зекири: Дали онлајн наставата беше ефикасна?

Shortcut

Најново

Министерот за внатрешни работи на Србија, Ивица Дачиќ, прогласи највисок степен на терористичка закана (РТС)

Србија прогласи највисок степен на терористичка закана по нападот пред израелската амбасада во Белград

October 28, 2026

Злато и бронза за македонската репрезентација на Балканското СХ првенство во Романија

October 27, 2026
Топлина за Украина

Топлина за Украина: Да помогнеме амбуланта близу фронтот да добие генератор

October 27, 2026
Никола Спасов

Пропагандата што го одржуваше Вучиќ на власт на крајот и го порази

October 27, 2026

Бразил не ја менува политичката насока, Лула со четврти претседателски мандат

October 26, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Сини зони, рамна Земја и целиот свет против нас: кога митот станува државна политика

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Моника Тасевска, сексуална работничка: Не ги продаваме телата, продаваме сексуални услуги, тие што плаќаат не нè поседувaат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пропагандата што го одржуваше Вучиќ на власт на крајот и го порази

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Есенска технолошка офанзива: Пробиви, нови ризици и битка за довербата во вештачката интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЦИВИЛ МЕДИА со интензивно известување за изборите во Србија: Теренски извештаи од Белград, видеосведоштва, анализи и ексклузивни изјави

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk