пишува: РИБАРО
Паника во белата палата на вмровците. Изворите на АХА од седиштето на ВМРО-ДПМНЕ, јавуваат за телефонски разговор помеѓу Груевски и Мицкоски. Мицкоски во очај барал совети од Груевски.
Мицкоски: Шефе, не знам како понатаму. Сите се договараат за формирање на влада, само нас никој не нè става во никаква комбинација. Проба пи-арот од Ахмети да не пикне некако, ама јавноста партал го направи со смешниот предлог за Еленовски со „лажниот цепелин“ за ротирачки премиер. И не тоа ради нас, туку Ахмети само сакаше да си ги појача преговарачки позиции со Заев, не дека сериозно размислува да оди со нас во влада.
Грујо: Па договорете средба со Апасиев и стегајте дека сте едини стабилни партнери во евентуална влада.
Мицкоски: Шефе, како да ти кажам, на Апасиев му се смее цела јавност. Вчера ја пцуеше Шекеринска јавно на Фејсбук, пред тоа рече дека сите ќе ги стрелал. Човекот е непресметлив најблаго речено, ќе заврши како Тодор Петров. Ти текнува на епизодата кога Петров му излегол гол на врата на Љубчо Георгиевски, е, па натаму оди дечкото. Се обидуваме со сите сили преку нашава медиумска курирана да одвлекуваме внимание со клевети и конструкции, ама сè ни паѓа во вода.
Грујо: Мицко друже, време е да напишеш три писма* и да ги оставиш на биро. Тоа е, како да ти кажам, празни ги сметките и пакувај ги куферите. Ќе ти пратам кола со поголем гепек, не се секирај,
Мицкоски: Ама мене сè уште не ме гони законот шефе, зошто да бегам?
Грујо: Ќе те гонат тие што ти се сега околу тебе. Добро бе, зарем ништо не научи од нашата партиска историја?!
три писма со совети за наследникот* –
- Обвинувај го својот претходник.
- Нападни ги своите соработници.
- Напиши три писма.
Рубриката АХА! е простор за хумор и сатира. Секоја сличност со реалноста е намерна и не е претерана.
FRONTLINE.MK