Во Тирана денеска е потпишан договор со италијанската Влада со цел да се материјализира обврската што Италија ја презеде на Меѓународната конференција на донатори за санирање на последиците од катастрофалниот земјотрес што ја погоди Албанија на 26 ноември минатата година.
Италија ќе и обезбеди на Албанија 95 милиони евра, од кои пет милиони евра грант за реконструкција на јавни згради.
Договорот го потпишаа министерот за обнова, Арбен Ахметај и италијанскиот амбасадор, Фабрицио Буци.
-Кредитот од 90 милиони евра со многу поволни услоиви ќе биде насочен во енергетскиот сектор, за натамошно подобрување преносниот систем, потоа во развојот на поморската економија, за подобрување на пристанишната инфраструктура, во зголемување на капацитетите за справување со природни непогоди, подобрување на флотата и зајакнување на човечките ресурси во цивилната заштита, каде светски познатото искуство на Италија и помошта на италијанските браќа, ќе биде огромна помош за Албанија , рече Ахметај.
Амбасадорот Буци рече дека на донаторската конференција, Италија учествувала со значителна сума од 95 милиони евра ставени на располагање на Албанија.