Реконструкција, а не уривање на Универзалната сала- ова е апелот кој демонстрантите на вечерашниот собир пред го испратија до властите, пренесе Прес 24.
Повод за собирот е конкурсот за идејно решение за парк со летна сцена кој според замислите на градските власти би требал да никне на местото на Универзална сала.
Поддршка на иницијативата дадоа голем број музички и естрадни уметници, актери, организатори, промотери и менаџери.