ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Состојбата во гостиварско станува сериозна, потребно е доследно почитување на заштитните мерки

August 11, 2020 16:03
in ДЕНЕС, ПАНДЕМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Во Гостивар и околината се бележи значителен пораст на новозаразени со корона вирусот и состојбата станува сериозна. Во билетенот на здравствените власти до денеска биле забалежани 261 активен случај. Ова е беше констатирано на состанокот на регионалниот кризен штаб за општините Гостивар, Врапчиште и Маврово-Ростуше. Оценка е дека забрзаното ширење на вирусот се должи на неодговрноста на граѓаните што не ги почитуваат мерките.

Во гостиварскиот регион изминативе денови во извештајите имаше двоцифрени бројки на нови активни случаи, а минатата недела беше во самиот врв со 22 случаи.

Од кризниот штаб испратија апел до граѓаните и институциите за доследно почитување на мерките за заштита и особено на подигање на свеста за постоење на болестта. Во Гостивар било забележано дека дел од новоинфицираните имале контакти со заболени при домашни посети.

– Во моментов на нашето подрачје има 283 излекувани лица, а со позитивни тестови во домашни услови се наоѓаат и лекуваат 240. Во болниците има 21 пациент. За жал има неодоговрни граѓани и покрај контактите со заболени не ги почитуваат протколите и се шетаат слободно и на тој начин ствааат во ризик многу други лица. Властите тоа мора да го санкционираат и да бидат поригорозни, рече Ваљбон Лимани од кризниот штаб.

Од почетокот на пандемијата во трите општини како позитивни на Ковид 19 се регистрирани 572 граѓани, најмногу во Гостивар 447, во Врапчиште 112 и маврово Ростуше 13 . Од нив како активни се водат 261, од кои две третини (214) се на територијата на општина Гостивар. Досега како последица од Ковид-19 починале 28 лица (Гостивар 20, Врапчиште 7 и Маврово Ростуше 1). Досега направени се 1.954 тестирања.

Во овој период на 67 лица изготвени им се нови решенија за изолација од Државниот санитарен и здравствен инспекторат, а полицијата извршила контроли на 368 лица и не биле констатирани неправилности околу почитувањето на решенијата.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Грција нема донесено нова одлука за копнените граници

НАЈНОВО

Викенд хороскоп со Анаис за 11 и 12 октомври

October 11, 2025

Кривичниот совет на Основниот суд во Битола ја преиначи одлуката и одреди притвор за сопственикот на „Марковски компани“

October 11, 2025
ФОТО: ФФМ

Голем бод против Белгија во Гент, Македонија останува прва во квалификациската група

October 10, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Гарсија пред мечот со Македонија: Нашиот противник не прима многу голови, мора да најдеме решение

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој се плаши од метафорите на Тричко?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дали сме спремни за „slop“ видеата создадени со вештачка интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ФОТО) Шпанската амбасада го најавува мултимедијалниот настан „Дон Кихот во Скопје“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Голем бод против Белгија во Гент, Македонија останува прва во квалификациската група

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk