ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Царовска, Бајрактар и Шкријељ на Меѓународна конференција за кризен менаџмент: Во услови на пандемија покажавме дека се грижиме за сите

August 12, 2020 13:38
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Заменичката на претседателот на Владата за економски прашања Мила Царовска, заменик министерот за труд и социјална политика Ѓонул Бајрактар и поранешната дополнителна заменик министерка за труд и социјална политика Санела Шкријељ вчера доцна попладнето учествуваа на он-лајн меѓународна конференција „Улогата на кризниот менаџмент во време на пандемија- меѓусекторска солидарност и соработка“, организирана од Министерството за труд, вработување и социјални прашања на Србија.

Потребна почеста соработка и размена на искуства од земјите од регионот во врска со менаџирањето на кризата предизвикана од КОВИД-19, бил заклучокот на конференцијата, соопштија денеска од Кабинетот на Царовска.

На конференцијата чија основна цел беше да потикне соработка на институциите од земјите од поранешна Југославија во време на КОВИД-19, соопштија денеска од кабинетот на Царовска, воведно обраќање имал светскиот експерт од областа на кризниот менаџмент Исак Адижес.

Вицепремиерката Царовска во своето обраќање истакнала дека Северна Македонија изминатите неколку месеци добро ја менаџира економско-социјалната криза предизвикана од здравствената криза преку создавање на неколку сета мерки во вкупна вредност од 555 милиони евра. Сите мерки, потенцирала, беа направени во тесна консултација со засегнатите страни, а отворивме и кол центар каде граѓаните и компаниите можеа директно да се информираат за сите уредби, протоколи и мерки.

– Во услови на оваа тешка криза како Влада покажавме дека се грижиме за сите и дека никој не е заборавен. Нашата основна цел во овој кризен период беше да ги сочуваме работните места во најпогодените сектори од кризата и навистина успеавме во тоа односно сочувавме околу 75.000 работни места. Би сакала да напоменам дека најискористена беше мерката за финансиска поддршка на компаниите во висина на минимална плата од 14.500 денари за исплата на плати. Оваа мерка беше искористена за 120.000 вработени во 22.000 компанија. Компаниите имаа можност да ја користат и мерката за субвенционирање на придонесите на плати, но и бескаматните кредити кои ги обезбедивме преку Развојна банка на Северна Македонија. Во тек е и реализација на посебна линија за инвестирање во време на криза во вредност од 25 милиони евра наменета за компании коишто инвестирале во текот на пандемијата, нагласи вицепремиерката Царовска.

Таа најави дека во наредниот период ќе следува пакет мерки со поддршка за реалниот сектор кој ќе се финансира со средсва од ЕУ.

Заменик министерот за труд и социјална политика Бајрактар истакнал дека во време на криза сите права и надоместоци од социјалната заштита продолжиле редовно, дури и предвреме да се исплаќаат кон корисниците.

– Покрај заштитата на работните места една од клучните мерки е паричната помош за лицата кои останаа без работа или беа во неформална економија. Со промена на условите за користење на ова право им овозможивме брз влез во системот за социјална заштита и право на остварување на гарантирана минимална помош. Со ова покажавме дека системот е така дизјаниран што лесно се прилагоува на потребите на граѓаните. Помошта стигнува до оние на кои им е најпотребна, нагласи Бајрактар.

Шкријељ, која како дополнителна министерка активно учествуваше во креирањето на мерките, нагласи дека најважно во време на криза е да се обезбеди социјална сигурност на граѓаните, а Северна Македонија тоа го понуди.

– Владата утврди категории на лица кои треба да се ослободат од работа и работни активности. Меѓу нив се хронично болните, но и родителите на деца до 10 годишна возраст, како и самохраните родители, кои останаа дома со нивните деца во услови кога не работат градинките и училиштата. Со ова покажавме вистинска грижа кон најмладите, а отсуството од работа на родителите се води како оправдано односно работодавачите имаат обврска да им исплаќаат 100 проценти плата, додаде Шкријељ.

Next Post

Водата за пиење во Тетово безбедна и покрај дефектите и прекините

Shortcut

Најново

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Амeриканските гласачи денеска избираат – меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДА Македонија бара неотповиклива оставка од Славески: Граѓаните не можат слободно да располагаат со своите пари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk