Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 239 оздравени пациенти од: Скопје 132, Куманово 22, Дебар 8, Штип 14, Прилеп 4, Тетово 6, Велес 1, Битола 7, Кавадарци 3, Гостивар 2, Кочани 3, Демир Хисар 4, Делчево 3, Свети Николе 23, Кичево 6, Неготино 1.
Министерот за здравство Венко Филипче, денеска објави дека веќе трета недела по ред продолжува трендот на намалување на бројот на новозаболени и починати лица во нашата земја, а се бележи благо зголемување на бројот на оздравени лица. Податоците на ИЈЗ за периодот од 3 до 9 август покажуваат:
• 10,5% намален е бројот на новозаболени споредено со минатата недела
• 8,6% е процентот на позитивни од тестирани случаи
• 13,8% намален е бројот на смртни случаи споредено со минатата недела
• Благо зголемување на бројот на оздравени лица
• Скопје (31,4%), Штип (11,3%) и Гостивар (10,4%) – со најголем процент на новозаболени.
Досега во земјата се направени вкупно 119.102 тестирања на ковид -19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 12217, бројката на оздравени пациенти е 8487, на починати е 530, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3200. Денес се евидентираат пет контролни теста.
И.Т.З.