Инспиративен подвиг на млада девојка. Ирина Дишовска се искачи на Кањонот Матка, во црвена тоалета, без опрема. На нејзиниот фејсбук профил пишува дека се работи за уметнички перформанс на женственоста кој има за цел да ги мотивира и инспирира сите да не се откажуваат, посебно жените.
„И овој пат сакам да се заблагодарам на сите кои ми дадовте поддршка, и кои што на ваков или онаков начин го разбраа мојот перформанс.
За оние неупатените, сакам да кажам дека ова е уметнички перформанс со кој што сакам да ја прикажам женственоста, а воедно и моќта на жената во едно кратко видео.
И на крај, за критичарите, и оние кои упатуваат навреди, сепак едно кратко образложение. Мојата физичка и ментална форма се беспрекорни во моментов. Оние кои имале шанса да качуваат со мене, ќе го потврдат истото. Зад овој (како што го нарекувате луд) подвиг, стои години тренинг и искуство. И не, не мислам дека со ова ќе ги мотивирам его триповите да се качат на истово боси, или во костим како мене. Напротив, мислам дека со ова ќе МОТИВИРАМ И ИНСПИРИРАМ што повеќе жени и мажи да не се откажуваат од своите замислени цели. И клучот е наједноставен. Тренинг, и само тренинг. Останатото е историја… #peace #womanpower“
Фејсбук статус на Ирина Дишовска.