ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Водата за пиење во Тетово безбедна и покрај дефектите и прекините

August 12, 2020 13:45
in ДЕНЕС, ИНФО ПИТ
Share on FacebookShare on Twitter

 И покрај честите дефекти и прекини во водоснабдувањето водата за пиење во Тетово е исправна и безбедна, образложуваат од тетовскиот Центар за јавно здравје.  Биле направени дополнителни проширени испитувања кои потврдиле дека квалитетот е на потребното ниво за консумирање.

-Сите досегашни испитувања покажаа дека водата за пиење е во ред.  Освен основните микробиолошки се правеа и физички-хемиски анализи. Дополнително проширени физичко-хемиски анализи се правеа и во Институтот во Скопје, од каде исто така имаме добри резултати. Поволна околност е што има доволно количини изворска вода, изјави д-р Ратко Давидовски, специјалист по здравствена екологија при Центарот за јавно здравје.

Давидовски вели дека редовно се прави и дезинфекција на водата која се складира во резервоарите пред да биде пуштена во водоводната мрежа како и во новата филтер станица која презема речна вода.

-На двете места редовно се користат хлорни препрати и така се одржува високо ниво на дезинфекција. По потреба кога има дефекти се засилува дезинфекцијата. Воедно препорачувам кога ќе има прекин во водоснабдувањето, кога ќе почне да тече од чешмите да се остави водата да истече одредено време, изјави Давидовски.

Минатата недела три дена по ред речиси цел град се соочи со прекини во водоснабдуавњето поради дефекти.  Вчера во градот повторно одредени делови има прекини поради потребата повторно да се интервенира во водоводните цевки.  

-Пред една недела имавме хаварија на Ф300 доводна цевка од салонит при што од напрснување во внатрешноста е навлезено материјал– песок и камења и покрупен чакал кој прави затворање на вентилот кој се наоѓа на раскрсницата на улиците „„Цветан Димов“ и „Ѓорче Петров“. Се трудиме со сите напори да го исчистиме вентилот од „Ѓорче Петров“ па се до „Цветан Димов“, тоа е должина од 300-350 метри, изјави Љуљзим Шаќири од работната единица „Водовод и канализација“ при ЈКП Тетово.

Старата и дотраена мрежа е причина речиси секојдневно во градот да има помали дефекти и времени прекини во водоснабдувањето.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Адеми: Нема конечна одлука како ќе се одвива наставата

НАЈНОВО

Викенд хороскоп со Анаис за 11 и 12 октомври

October 11, 2025

Кривичниот совет на Основниот суд во Битола ја преиначи одлуката и одреди притвор за сопственикот на „Марковски компани“

October 11, 2025
ФОТО: ФФМ

Голем бод против Белгија во Гент, Македонија останува прва квалификациската група

October 10, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Гарсија пред мечот со Македонија: Нашиот противник не прима многу голови, мора да најдеме решение

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој се плаши од метафорите на Тричко?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дали сме спремни за „slop“ видеата создадени со вештачка интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ФОТО) Шпанската амбасада го најавува мултимедијалниот настан „Дон Кихот во Скопје“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Голем бод против Белгија во Гент, Македонија останува прва квалификациската група

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk