ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Димковски ги повика винариите на коректен однос, да се цени трудот на земјоделецот

August 13, 2020 23:08
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Трајан Димковски, денеска во Кавадарци оствари средба со градоначалникот на Општина Кавадарци Митко Јанчев, градоначалникот на Општина Неготино Тони Делков, градоначалникит на Демир Капија Лазар Петров, пратениците Панчо Минов, Даниела Колева и Лолита Ристова, како и претставници на здруженија на лозари и дел од лозаропроизводителите од овој регион.

На средбата е предложено до средината на наредната недела да се одржи состанок помеѓу МЗШВ и винариите со цел да се утврди откупната цена на грозјето за овогодинешната реколта и количини за откуп.

– Се предлага решавањето на проблемот со вишокот на грозје да се изврши со интервенција од државата. Заради нарушување на домашниот пазар на вино намалување на цените на поголемите извозни пазари предизвикани од Корона кризата, винариите доколку имаат потреба аргументирано да бараат соодветни реални мерки од државата, стои во соопштението од МЗШВ.

Се додава дека МЗШВ треба да ги информира нашите амбасади во соседните држави и трети земји за извоз на винско грозје по лански откупни цени.

На состанокот, како што соопштија од МЗШВ, се разговарало за екстремно ниската откупна цена на грозјето на една од винариите која деновиве беше објавена на социјалните медиуми.

– Грозјето од годинешната реколта е произведено со висок квалитет и големи приноси благодарение на поволните климатски услови кои оваа година им беа наклонети на лозарите. Следствено на тоа очекувавме висока откупна цена и откуп на целокупната произведена количина. Не смее да има никакви злоупотреби и уцени кон земјоделците од страна на било која винарија. Винариите треба да формираат цени кои нема да бидат навредливи за трудот на земјоделецот, туку напротив ќе го стимулираат производството. Целта на денешниот состанок е,не само на винаријата која објави екстремно ниски откупни цени на грозјето, туку и на сите други винарски визби кои вршат откуп, да им се укаже дека треба да формираат прифатливи откупни цени кои ќе бидат достојни за трудот на земјоделецот, се наведува во соопштението.
Заложбите на МЗШВ, се подвлекува, секогаш се во правец да им се обезбедат подобри услови на сите земјоделци бидејќи нашиот однос кон нив е секогаш партнерски и секогаш со почит.

– Очекуваме и винариите така да се однесуваат и дека тие ќе формираат прифатлива цена за откуп на грозјето од овогодинешната реколта, посочуваат во соопштението од МЗШВ.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Зеленски: Добар знак е што Русите конечно почнале да размислуваат за прекин на војната, но првиот чекор е прекин на огнот од 12 мај

May 11, 2025
Фото: ЕПА / МИА

Макрон за предлогот на Путин: На ​​безусловен прекин на огнот не му претходат преговори

May 11, 2025

Mаж од кичевско со секира ги нападнал родителите, таткото починал

May 11, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Ако не сакаш да бидеш Европеец ќе бидеш ништо и затоа е добро да не сакаш!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Интервју со Кристина Костова: Мицкоски сака да владее во хаос, СДСМ се враќа со конкретни решенија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • НАСА: Браната Три Кланци во Кина ја успори ротацијата на Земјата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мастрафот си ти

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Левица: ВМРО-ДПМНЕ менува закони по мерка, веќе нема да требаат ни сертификати за директорско место

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk