ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Харадинај ја најави кандидатурата за претседател на Косово

August 13, 2020 12:12
in ДЕНЕС, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Лидерот на Алијансата за иднината на Косово (ААК) и поранешен косовски премиер Рамуш Харадинај ја најави својата  кандидатура за иден претседател на државата, откако во април идната година ќе му заврши мандатот на актуелниот претседател Хашим Тачи, јави дописникот на МИА од Приштина.

По синоќешната седница на Управниот одбор на ААК, Харадинај обзнани дека партијата, која е дел од Владата на Косово, го овластила да преговара за проширување на владината коалиција, воедно најавувајќи дека ќе ја прифати „големата обврска и посебната чест“ да биде претседател на државата.

Во објава на својата страница на Фејсбук, Харадинај напомена дека би ја прифатил претседателската функција откако на Тачи ќе му заврши мандатот, но не доколку актуелниот шеф на државата биде принуден да се повлече поради обвинението подигнато против него од Меѓународниот суд за воени злосторства во Косово.

– Му благодарам на Управниот одбор за неговото овластување во име на ААК да водам преговори за евентуална реконфигурација на владата, вклучително и прашањето на претседателот. Довербата јас да бидам кандидат за претседател, доколку тоа се расправа во рамките на Уставот, ја сметам за висока одговорност и посебна честа, напиша Харадинај.

Според приштинската телевизија Т7, „ваквата позиција на Харадинај доаѓа во време кога се разговара за влегување на Демократска партија на Косово (ПДК) во Владата“, со амбиција таа сега опозициска партија, основана од Тачи, а  која последните четири години ја води Кадри Весели, повторно да ја добие претседателската функција.

Според Т7, и Иса Мустафа, поранешен премиер и лидер на главната владејачка партија, од чии редови е актулениот премиер Авдулах Хоти, не ја исклучува можноста самиот тој да се кандидира за претседател на државата откако ќе му истече мандатот на Тачи.

Реагирајќи на шпекулациите околу идниот кандидат за претседател на државата и „пазарењата“ со ПДК за вклучување во Владата предводена од неговата партија, Мустафа синоќа изјави дека „прашањето на престедателот се уште не е на дневен ред“, а за евентуалното проширување на коалицијата ќе разговара со актуелните партнери во владата.

Специјалното обвинителство при Меѓунарондиот суд за Косово, чие седиште е во Хаг, кон крајот на јуни годинава објави дека покренало обвиненија против неколку поранешни водачи на Ослободителната војска на Косово, меѓу кои актуелниот претседател Тачи и лидерот на ПДК и поранешен собраниски спикер Кадри Весели.

Специјалниот суд со седиште во Хаг, познат во косовската јавност како „Суд за ОВК“, го водат меѓународни обвинители и судии. Формалната работа ја започна во јануари минатата година, од кога, во својство на осомничени или сведоци за злосторства против цивили од албанска, српска, ромска и друга националност, според досегашните информации, се повикани околу 300 поранешни припадници на ОВК.

Тачи, кој од 13 до 17 овој месец беше на распит пред обвинителството во Хаг, изјави дека ќе поднесе оставка од функцијата претседател на државата доколку обвинението против него биде прифатено од судот.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Винската индустрија пред колапс, бара поддршка од државата

НАЈНОВО

(ФОТО) Различни видови куќи низ светот

October 11, 2025

Среќен ден на Востанието: и на старото и на тоа што треба да го кренеме

October 11, 2025
Скриншот

Поради страв од руски напад, Балтичките земји развиваат координирани планови за масовна евакуација

October 11, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Гарсија пред мечот со Македонија: Нашиот противник не прима многу голови, мора да најдеме решение

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Среќен ден на Востанието: и на старото и на тоа што треба да го кренеме

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дали сме спремни за „slop“ видеата создадени со вештачка интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој се плаши од метафорите на Тричко?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп со Анаис за 11 и 12 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk