ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Протест во Скопје против поскапувањето на струјата

Со оглед на високата цена на електричната енергија со порастот на цената за повеќе од 230 отсто во последните 14 години, сметаме дека граѓаните плаќале и камата и камата над камата со плаќање на тие сметки. Затоа камата за тие астрономски сметки ја сметаме за незаконска и законски грабеж, потенцираа организаторите.

August 14, 2020 21:20
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Во Скопје вечерва се одржа протест против поскапувањето на струјата. Учесниците на протестот се собраа во Паркот на жената борец и во паркот во Чаир, од каде потоа се упатија пред зградата на Владата.

Во услови на пандемија, кога многу граѓани губат работа и кога им ги намалуваат платите, многу влади во Европа ја намалија цената на струјата додека трае кризата. Но кај нас не беше така. Кај нас ја поскапија струјата. ЕВН, МЕПСО, ЕСМ трпеле поради кризата. А граѓаните не трпат? Што е поважно? Профитите на капиталистите и вдомувањето на партиските војници или животниот стандард на обичните граѓани? Не смееме да го дозволиме овој удар на нашиот грб! Да го кренеме нашиот глас! Од нас зависи! Да се обединиме, Македонци, Албанци, Роми, Турци и останати, да се обединиме и да се спротивставиме! Да не им дозволиме да им помине поскапувањето на струјата, истакнаа организаторите.

Тие бараат итно поништување на последната одлука на Регулаторната комисија за енергетика за зголемување на цената на електричната енергија, владата да ја распушти Регулаторната комисија за енергетика, тело што им служи на интересите на деловните групи и корпорации на грбот на граѓаните, формирање независно арбитрарно тело во служба на граѓаните за да се провери квалитетот на енергетските услуги, владата да ги врати приватните компании за дистрибуција на електрична енергија под државна администрација и намалување на цената на електричната енергија за 46 проценти (отстранување на 33 отсто од цената за ангажираната моќност која до пред неколку години во сметката за електрична енергија беше посебна компонента и потоа вклучена во општата цена, а попустот ДДВ од 18 отсто на 5 отсто).

Владата итно да го раскине неславниот договор со ЕВН, приватниот дистрибутер на електрична енергија во РСМ, кој со години го злоупотребуваше монополот даден од Владата, простување на сите камати од сметките на ЕВН што граѓаните до сега не ги платиле бидејќи сметаме дека високите сметки генерирани од ЕВН се главната причина за нивно неплаќање на време. Со оглед на високата цена на електричната енергија со порастот на цената за повеќе од 230 отсто во последните 14 години, сметаме дека граѓаните плаќале и камата и камата над камата со плаќање на тие сметки. Затоа камата за тие астрономски сметки ја сметаме за незаконска и законски грабеж, потенцираа организаторите.

Протeстот го поддржуваат Сакаме чист Чаир, Социјалистичка зора, Конфeдeрацијата на синдикални организации (КСОМ), Fridays for Futurе и МО Црвeни.

Денеска, исто така, протести против поскапувањето на струјата се одржаа и во Тетово, Гостивар, Дебар, Кичево и Струга./МИА/

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Матоши: Не се укинуваат тестовите за македонските граѓани при влез во Косово, станува збор за погрешно толкување

НАЈНОВО

(ФОТО) Различни видови куќи низ светот

October 11, 2025

Среќен ден на Востанието: и на старото и на тоа што треба да го кренеме

October 11, 2025
Скриншот

Поради страв од руски напад, Балтичките земји развиваат координирани планови за масовна евакуација

October 11, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Гарсија пред мечот со Македонија: Нашиот противник не прима многу голови, мора да најдеме решение

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Среќен ден на Востанието: и на старото и на тоа што треба да го кренеме

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дали сме спремни за „slop“ видеата создадени со вештачка интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој се плаши од метафорите на Тричко?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп со Анаис за 11 и 12 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk