ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕГИОН

Матоши: Не се укинуваат тестовите за македонските граѓани при влез во Косово, станува збор за погрешно толкување

Одлуката се однесува единствено на отворањето на одредени гранични премини со тие земји, со цел да се олесни движењето на граѓаните, но тоа не значи дека се укинати досегашните мерки и протоколи против пандемијата на Ковид-19. Значи, остануваат на сила сите мерки кои Владата ги има усвоено порано, а кои се однесува на влегувањето во земјата на граѓаните од странство, појасни Матоши.

August 14, 2020 21:43
in ДЕНЕС, ПАНДЕМИЈА, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Денешната одлука на Владата на Косово „да ги отвори државните граници на Република Косово со Северна Македонија, Албанија и Србија“ се однесува на олеснување на одредени царински процедури со тие три земји и не значи дека се укинува обврската за приложување ПЦР-тест за македонските граѓани при влез во земјата, изјави за МИА членот на косовската Влада, Халил Матоши.

Заменикот министер во Владата на Авдулах Хоти изјави дека станува збор за „погрешно толкување од страна на некои медиуми“ на дел од соопштението од денешната попладневна седница на Владиниот кабинет.

– Оваа одлука се однесува единствено на отворањето на одредени гранични премини со тие земји, со цел да се олесни движењето на граѓаните, но тоа не значи дека се укинати досегашните мерки и протоколи против пандемијата на Ковид-19. Значи, остануваат на сила сите мерки кои Владата ги има усвоено порано, а кои се однесува на влегувањето во земјата на граѓаните од странство, појасни Матоши.

Во соопштението по денешната владина седница беше наведено дека е донесена одлука „да се отворат државните граници на Република Косово“ кон Северна Македонија, Албанија и Србија, што според дел од приштинските медиуми значеше дека граѓаните на трите соседни држави нема да имаат потреба да приложуваат тест со кој ќе докажат дека не се заболени од Ковид-19.

Меѓутоа, како што јави дописникот на МИА од Приштина, во официјалното соопштение од седницата на кабинетот на премиерот Авдулах Хоти, одржана со видео-конференциска врска, на ниедно место не се споменуваа тестовите или другите процедури кои граѓаните од тие држави треба да ги спроведат за влез во државата.

– Донесена е одлука за отворање на државните граници на Република Косово со Република Албанија, Република Северна Македонија и Република Србија, се вели во соопштението по седницата на косовската Влада.

Вечерва и Владата во Приштина излезе со соопштение во кое појасни дека процедурите за влез на странски државјани во Косово остануваат непроменети./МИА/

Next Post

Во сообраќајка на патот Чашка - с. Голозинци повредени седум лица, од кои две деца

Shortcut

Најново

Јана Коцевска

Јана Коцевска: Родовото насилство е нормализирано, институциите не обезбедуваат вистинска заштита

November 19, 2026

Тутунари, не дозволувајте грешките при пакувањето и чувањето да ви го намалат откупот

November 19, 2026
Претседателката Гордана Сиљановска Давкова (извор: Wikipedia)

Уставниот „рекорд“ на Сиљановска-Давкова падна на проверката на фактите – ЦИВИЛ МЕДИА укажува на политичка манипулација со бројките

November 19, 2026

Емил Цветанов: ВФМ мора да биде симбол на фер-плеј, чесност и еднаков третман

November 19, 2026

Седум фемициди и шест барања: Граѓанските организации бараат институционална одговорност

November 18, 2026

НАЈЧИТАНО

  • ЛЕЛЕ, МАМО, КРИЗА Е!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Вест стара 59 години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спасовски: Изборот е направен, насоката е потврдена, продолжуваме по правиот пат во европска иднина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уставниот „рекорд“ на Сиљановска-Давкова падна на проверката на фактите – ЦИВИЛ МЕДИА укажува на политичка манипулација со бројките

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мислете му ја!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk