Во судар помеѓу две возила на патот Чашка – Голозинци кај село Голозинци повредени се седум лица од две возила, меѓу кои две деца.
Како што информира за МИА др. Василка Пановска Поп Стефанова, началник на Итна помош при ЈЗУ Здравствен дом Велес, повредените биле земeни со две возила на Брза помош и по укажаната помош итно биле префрлени во Хирушките амбуланти на ЈЗУ Општа болница во Велес. Оттаму информираат дека двете деца, од кои едното во бесознание кое е со потешки повреди на главата, биле итно пренесени кон Хирушките клиники во Скопје.
Др. Весна Неделковска Николова, портпарол на ЈЗУ Општа болница, за МИА наведе дека по укажаната помош во велешката болница, две од децата на возраст помеѓу три и четири години итно се пренесени на понатамошно лекување во скопските клиники.
Таа појасни дека во Хирушкото одделение во велешката Општа болница се останатите пет повредени кои се со полесни повреди, меѓу кои уште едно дете, една трудница и тројца мажи.
-Извршени им се прегледи и рентген снимања и се утврдени полесни повреди, но оставени се на опсервација во болницата до утре сабајле, информира др. Неделковска Николова./МИА/