СДСМ во целост ја демантира објавената неточна вест од страна на Канал 5 телевизија со наслов: Договорен премиер по принципот три години Заев, една Зибери – ДУИ ќе управува со УЈП и МВР.
ЗАМЕНИК-министерката за образование и наука Елизабета Наумовска изјави дека очекуваат пролонгирање на почетокот на учебната година со цел законско усогласување на кратењето на времетрањето на школските часови и онлајн настава.
ЦИВИЛ организира серија панел дискусии и други онлајн настани со заеднички наслов „Национализам“ во вторник и среда, 18-19 август 2020, со почеток во 10 часот. Настаните се дел од најновата акција на ЦИВИЛ „Граѓански форум за учество во креирање на владините политики“.
КОСОПСТВЕНИКОТ на „Слободен печат“, Александар Родиќ, го продаде својот дел на Владимир Галјак, па така овој реномиран адвокат стана нов партнер во сопственичката структура на весникот.
ТИКВЕШКИТЕ лозари бараат отворање на границите за извоз на македонско грозје.
ВЛАДАТА на Косово на денешната попладневна седница одлучи „да ги отвори државните граници на Република Косово“ со Северна Македонија, Албанија и Србија.
ЕВРОПСКАТА комисија соопштила дека постигнала договор со британската компанија „Астразенека“ за купување на најмалку 300 милиони дози од нејзината потенцијална вакцина против Ковид-19, стои во текст на Слободен Печат.
СПОРЕД последните податоци, во светот со коронавирус досега се заразени 21.176.295 лица. Од нив починале 759.397, а оздравеле 13.987.945 луѓе.
А. Н. С.