ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПАНДЕМИЈА

Во светот досега над 21 милион заразени со коронавирус, речиси 14 милиони оздравеле

August 14, 2020 19:40
in ДЕНЕС, ПАНДЕМИЈА, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Според последните податоци, во светот со новиот коронавирус досега се заразени 21.176.295 лица. Од нив починале 759.397, а оздравеле 13.987.945 луѓе.

– Во изминатите 24 часа, во Федерацијата на БиХ биле тестирани 1.484 примероци, од кои 238 се позитивни за коронавирусот, додека осум лица починаа.  Досега се тестирани вкупно 100.411 примероци, а коронавирусот е потврден кај 9.310 лица. Во ФБиХ, во моментот активни се 3.369 случаи. Во изминатите 24 часа, осум смртни случаи се пријавени во Институтот за јавно здравје на ФБиХ. Досега се регистрирани вкупно 243 смртни случаи во ФБиХ.

– Австриската Влада донесе одлука да издаде предупредување за патување за Хрватска, односно да ја вклучи таа земја во регионите со ризик за кои при враќањето во Австрија е неопходен негативен тест за ПЦР. Поради зголемениот број на новозаразени повратници од Хрватска, но и растот во самата Хрватска, Австрија издава предупредување за патување и ги повикува своите граѓани да се вратат од Хрватска во земјата. Предупредувањето за патување ќе стапи на сила во понеделник на полноќ.

-Министерството за здравство на Кипар соопшти 13 нови случаи на Ковид-19, со што вкупниот број на регистрирани случаи се зголеми на 1.318 лица.

-Во Грција повторно е регистриран голем број новозаболени, во изминатите 24 часа има 254 нови случаи на Ковид-19, а починаа две лица. Од почетокот на епидемијата се регистрирани вкупно 223 смртни случаи и 6.632 заразени лица

– Во Хрватска се потврдени 208 новозаразени лица во последните 24 часа, што е највисоко од почетокот на епидемијата на вирусот во таа држава. Бројот на активни случаи е 961.111, на респиратор 10. Две лица починаа.

– Во изминатите 24 часа во Косово се регистрирани осум починати лица кај кои претходно било потврдено присуството на новиот коронавирус, со што бројката на жртви на епидемијата на Ковид-19 достигна до 381. Сите починати, според косовските здравствени власти, имале и други потешки здравствени тегоби и страдале од дијабетис, кардиоваскуларни и други хронични болести. Во текот на вчерашниот ден, официјално се регистрирани 142 новозаболени од Ковид-19, додека вкупно заразени од појавата на епидемијата се 11.130 лица. Во истиот извештаен период се евидентирани и 201 излекуван, а вкупната бројка на лица кои претходно биле дијагностификувани како заразени и ја совладале болеста достигна до 6.817. Активни носители на вирусот во земјата се 3.932 лица. Вчера се извршени 466, а од почетокот на пандемијата, вкупно 43.093 тестирања.

– Во Албанија, во последните 24 часа од направени се 639 тестови позитивни на Ковид-19 се 146 лица, нешто повеќе од 50 отсто од нив или 76 се во Тирана. Битката со опасниот вирус ја добија 79, но за жал и поктрај сите напори на лекарите ја изгубија шест пациенти, стои во соопштението на Министертвото за здравство и социјална заштита. Познати албански лекари и понатаму бараат да се зголеми бројот на тестови до 2.000 во едно деноноќие, со што би се откриле кластерите и би се стопирал трендот на раст на новозаразени. Во земјата од почетокот на пандемијата до сега направени се 49.151 тест,позитивни се 7.117, оздравеле 3.695, починале 219 додека активни на болеста се 3.203 лица. Во двете ковид болници се хоспитализирани 115 лица од нив 21 се во тешка здравствена состојба./МИА/

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

„Јапонската вежба со одење“ го намалува крвниот притисок

June 25, 2025
Instagram / @jamescookartwork

(ВИДЕО/ФОТО) Џејмс Кук – уметникот што црта со машина за пишување

June 25, 2025

Во Велика Британија украдена виолина стара околу 280 години

June 25, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Вучиќ фатен со рацете во медот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски и тужбата против Џабир Дерала: Случај што го разгорува прашањето за слободата на медиумите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Предавство“ – Трамп, Хегсет и Виткоф за протекувањето на разузнавачки информации што ги поткопaа нападите врз иранските нуклеарни постројки, инсистирaат дека тие се „збришани“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Нешто непознато“ го погоди клучниот руски објект за беспилотни летала во Таганрог во бранот напади на украински дронови во повеќе региони на Русија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Трамп повторно ја одби понудата на Путин за помош со Иран: Ми треба помош со тебе

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk