УТРОВО на Преспанското езеро забележани се пет розови фламинга кои најверојатно одмораат од патот за каде што тргнале, соопштија од Македонското еколошко друштво.
ПРИВЕДЕН е тинејџерот од Скопје што запали шума во живо на Тик-Ток.
ФИЛИПЧЕ: Во тек е подобрување на условите во Универзитетската клиника за хирургија, вилици и врат – максилофацијална хирургија.
НАРОДНА банка: Дозволата за работа на „Еуростандард банка“ е укината на 12 август 2020, а не на 1 јуни.
НОВИОТ фестивал на „Авалон продукција“, „Дипер андерграунд“ (Deeper underground) денеска и утре ќе се одржи во Скопје на просторот пред А1 Арената.
ГЕРМАНИЈА ја прогласи речиси цела Шпанија, вклучувајќи го и туристичкиот остров Мајорка, за регион под ризик од коронавирус по зголемувањето на случаи на заразени.
МИНИСТЕРСТВОТО за одбрана на САД одлучи да формира работна група за испитување на појава на неидентификувани летачки објекти (НЛО), се вели во соопштението на Пентагон.
СИТЕ граѓани кои доаѓаат во Србија од територијата на Хрватска, Северна Македонија, Бугарија и Романија од денеска треба да имаат негативен тест за ПЦР, што не е постар од 48 часа.
ГЕРМАНСКИТЕ стопанственици против ограничување на бројот на работници од Западен Балкан.
ЈОВАНОВСКА-Стојановска за МИА: Единствено безбедно решение е наставата да се организира онлајн.
ЗАВРШУВА рокот за „купувај домашно“: Граѓаните задоволни од мерката, аналитичарите бараат долгорочни економски мерки.
Ј. Ѓ.