СДСМ: Преговорите со ДУИ продолжуваат, се работи на четиригодишна владина програма и на распределба на министерствата.
ВО последните 24 часа се направени 1.156 тестирања, а регистрирани се 87 нови случаи на ковид-19.
24 Ауто: Во Македонија од година во година се возат сè постари автомобили, а се понови автобуси.
СООБРАЌАЈКА на регионалниот пат Охрид – Св. Наум, неколкумина тешко повредени и еден загинат.
ДЕСЕТИЦИ илјади Белоруси се собраа во Минск за да учествуваат на „Маршот за слобода“ по контроверзните претседателски избори кога победи Александар Лукашенко.
НАТО ги отфрли обвинувањата на претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко, дека Северноатлантската алијанса ги групира своите сили долж западната граница на Белорусија.
НОВА.рс: Кинески кредити – Србија тоне во должничко ропство. Апетитот на Србија за задолжување во Кина не опаѓаат, така што само во изминатите денови објавено е дека „Кинезите ќе градат брза железница од Ниш до Прешево“, што е работа проценета на две милијарди евра.
КОЦЕВСКИ: Невозможно е целосно да се реши проблемот со атмосферска канализација во високите делови на Велес.
НА патот Неготино-Градско откриени 80 мигранти, превезувачот побегнал, но набргу бил пронајден и приведен.
Ј. Ѓ.