ВО ТЕКОТ на вчерашниот ден во земјава се регистрирани 141 нови случаи на Ковид-19 од направените 2.006 тестирања, починаа четири лица, а 93 пациенти оздравеа. Во исто време на глобално ниво до вчера се регистрирани најмалку 21.224.070 инфицирани лица, од кои 760.739 починаа.
АНГЕЛОВСКА-Бежоска: Банкарскиот систем е и останува стабилен и сигурен, Еуростандард банка е изолиран случај.
МУЗИЧКАТА програма на Фестивалот „Охридско лето“ продолжува вечерва со концертот на „Фукио“ саксофон квартетот од Шпанија, во состав Хоакин Саез Белмонте на сопран саксофон, Хавиер Ларсон Паез – алт, Хозе Мануел Бањулс Маркос – тенор и Kсабиер Касал Арес – баритон саксофон.
ИЛЈАДНИЦИ Израелци протестираа синоќа пред официјалната резиденција на премиерот Нетанјаху, повторувајќи го нивниот повик тој да се повлече и покрај историскиот договор за воспоставување дипломатски врски со Обединетите Арапски Емирати.
ИЛЈАДНИЦИ беа уапсени во насилната акција на полицијата, на антивладините протести во Белорусија. Оние демонстранти кои оттогаш се ослободени, велат дека биле мачени и тепани. Новинарите на Дојче Веле објавија разговори со тројца приведени за нивните искуства.
ВРЕМЕТО ќе биде променливо облачно и нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со засилен ветер и појава на град.
На ДЕНЕШЕН ден: Во 1958 година родена е Мадона, во 1977 починал „кралот на рокенролот“, Елвис Присли.
А. Н. С.