ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Игор Алулоски од ГАК: Македонската гинеколошката онкологија ја подигнуваме на европско ниво

August 18, 2020 09:43
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter
 Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство и доктор Игор Алулоски, како главен истражувач се дел од значајна меѓународна студија-SUCCOR Study, објавена во интернационалниот журнал за гинеколошка онкологија.
– Станува збор за голема интернационална студија, спроведена од професор Луис Чива од Универзитетската клиника Навара во Шпанија, што почна во април 2019 година, со поддршка од Европското здружение за гинеколошка онкологија (ESGO). Во неа учествуваат 125 институции, кои спроведуваат радикални гинеколошко-онколошки оперативни зафати од 29 европски земји, меѓу кои и нашата држава. Самото учество во ваква масивна студија претставува чест за мене лично и за ГАК, тоа што нашата клиника е учесник во ваков голем проект е значаен успех. Важно е дека големи европски имиња од областа на гинеколошката онкологија, разбраа дека кај нас, на Универзитетската клиника за гинекологија има група доктори, кои ја продолжуваат традицијата и борбата на нашите учители, со што македонската гинеколошката онкологија ја подигнуваат на европско ниво, вели д-р Алулоски.

Како што соопшти денеска Министерството за здравство, целта на студијата е да се опфатат што поголем број европски центри кои ја третираат гинеколошката онкологија и по направената посеопфатна анализа на третманот, резултатите од третманот, преживувањето и слични податоци за пациентки оперирани од инвазивен карцином на грло на матка (во IB стадиум на болеста) да се добие поцелосен увид за овој проблем ширум Европа.

-Со посебно задоволство и чест ја прифатив поканата од професорот Чива, потоа следеше период на документирање, собирање, комплетирање на документацијата за пациентките оперирани на ГАК во периодот 2013-2014 година. Студијата беше презентирана и пред стручниот колегиум на Клиниката за гинекологија и акушерство за да се добие „зелено светло“ за учество во студијата. За ова сакам да им се заблагодарам на сите колеги на ГАК, кои ме поддржаа за учеството во студијата, а посебна благодарност до директорката, доц. д-р Викторија Јовановска за безрезервната поддршка. Голем придонес имаше и проф. д-р Куновска од Институтот за патологија. Конечно студијата се објави во интернационалниот журнал за гинеколошка онкологија, што претставува голем успех за ГАК, посочува д-р Игор Алулоски
Next Post
Слика од екран од македонски профил на Фејсбук. Дезинформација: Грчки војник  убива мајка и дете Македонци од егејскиот дел од Македонија

На фотографијата не е грчки, туку германски војник кој нишани врз жена и дете од Украина (1942)

Shortcut

Најново

Суми, Украина, 27 октомври 2026 (ДСНС)

Студот и темнината како оружје на агресорот – Комисија на ОН утврди воени злосторства и злосторства против човештвото во нападите врз украинската енергетика

October 28, 2026
Министерот за внатрешни работи на Србија, Ивица Дачиќ, прогласи највисок степен на терористичка закана (РТС)

Србија прогласи највисок степен на терористичка закана по нападот пред израелската амбасада во Белград

October 28, 2026

Злато и бронза за македонската репрезентација на Балканското СХ првенство во Романија

October 27, 2026
Топлина за Украина

Топлина за Украина: Да помогнеме амбуланта близу фронтот да добие генератор

October 27, 2026
Никола Спасов

Пропагандата што го одржуваше Вучиќ на власт на крајот и го порази

October 27, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Никола Спасов

    Пропагандата што го одржуваше Вучиќ на власт на крајот и го порази

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Моника Тасевска, сексуална работничка: Не ги продаваме телата, продаваме сексуални услуги, тие што плаќаат не нè поседувaат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Сини зони, рамна Земја и целиот свет против нас: кога митот станува државна политика

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЦИВИЛ МЕДИА со интензивно известување за изборите во Србија: Теренски извештаи од Белград, видеосведоштва, анализи и ексклузивни изјави

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВУЧИЌ ПАДНА: Студентска победа, крај на 14-годишната доминација на СНС – што е следно за Србија?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk