ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕГИОН

МВР: Од македонска страна на границата со Србија не се поставува ограда

Радио Слободна Европа објави за поставувањето жичана ограда на границата, повикувајќи се на информации од локалната самоуправа во Прешево.

August 18, 2020 22:02
in ДЕНЕС, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Поставувањето жичана ограда е на територијата на Република Србија, не и на територијата на нашата држава, информираа за МИА од МВР, откако беше објавено дека на границата на Србија со Северна Македонија кај Прешево, почнало поставување жичана ограда, која би требало да оневозможи евентуални масовни илегални преминувања.

Од МВР за ова прашање за повеќе информации упатуваат на Амбасадата на Република Србија во нашата држава.

Инаку, Радио Слободна Европа објави за поставувањето жичана ограда на границата, повикувајќи се на информации од локалната самоуправа во Прешево. Текстот го пренесоа повеќе портали.

Шчиприм Арифи, претседател на општина Прешево, за РСЕ изјавил дека изградбата на жичана ограда е дел од договорот со ЕУ.

– Мислиме дека оградата е во функција на дополнително осигурување на границите на земјите надвор од ЕУ од бегалците, кои евентуално повторно би тргнале масовно по т.н. Балканска рута, вели Арифи.

Тој смета, гледано од тој аспект, дека оградата индиректно придонесува во процесот на евроинтеграција, но со целосно разбирање и почитување на политичките околности.

– Лично имам сериозно резерви кон таквиот третман на бегалците, рекол Арифи.

РСЕ наведува дека побарале, но не добиле одговор од Европската комисија на прашањето дали се запознаени или консултирани за подигнувањето ограда помеѓу Србија и Северна Македонија.

Повеќе информации засега не откриват ниту од Владата на Србија./МИА/

 

Next Post

Заев: Се укинува позицијата технички премиер, 100 дена пред избори со премиер предложен од ДУИ за сите партии да бидат еднакви

Shortcut

Најново

Постизборен Израел: Нетанјаху без мнозинство, опозицијата поделена

October 28, 2026
Суми, Украина, 27 октомври 2026 (ДСНС)

Студот и темнината како оружје на агресорот – Комисија на ОН утврди воени злосторства и злосторства против човештвото во нападите врз украинската енергетика

October 28, 2026
Министерот за внатрешни работи на Србија, Ивица Дачиќ, прогласи највисок степен на терористичка закана (РТС)

Србија прогласи највисок степен на терористичка закана по нападот пред израелската амбасада во Белград

October 28, 2026

Злато и бронза за македонската репрезентација на Балканското СХ првенство во Романија

October 27, 2026
Топлина за Украина

Топлина за Украина: Да помогнеме амбуланта близу фронтот да добие генератор

October 27, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Никола Спасов

    Пропагандата што го одржуваше Вучиќ на власт на крајот и го порази

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Моника Тасевска, сексуална работничка: Не ги продаваме телата, продаваме сексуални услуги, тие што плаќаат не нè поседувaат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Сини зони, рамна Земја и целиот свет против нас: кога митот станува државна политика

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЦИВИЛ МЕДИА со интензивно известување за изборите во Србија: Теренски извештаи од Белград, видеосведоштва, анализи и ексклузивни изјави

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВУЧИЌ ПАДНА: Студентска победа, крај на 14-годишната доминација на СНС – што е следно за Србија?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk