ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПАНДЕМИЈА

Бројот на новозаболени од Ковид-19 има тренд на намалување, но и натаму трицифрен

August 19, 2020 08:25
in ДЕНЕС, ПАНДЕМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Нови 130 случаи со Ковид-19 од 1.742 тестирања беа евидентирани во вчерашниот извештај на Министерството за здравство за изминати 24 часа. Починати се едно лице од Скопје (70) и едно од Штип (75), двете во болнички услови. Регистрирани се 152 оздравени пациенти.

Вкупниот број Ковид дијагностицирани во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 12.970, бројот на оздравени пациенти е 9.513, на починати е 549, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2.908.

Од вкупниот број активни случаи, во Скопје има 905, во Гостивар 298, во Куманово 286, во Штип 258, во Струга 171, во Тетово 158, Кичево 128, во Кавадарци 105…

На Инфективната клиника примени се двајца пациенти. Вкупно се хоспитализирани 76 пациенти од кои на кислородна поддршка се 40 пациенти, нема на механичка вентилација. Во болницата во Козле се хоспитализирани 19 возрасни пациенти позитивни на Ковид-19 и осум деца позитивни на вирусот. Во ГОБ „8 Септември“ примени се пет пациенти. Вкупно хоспитализирани се 74 пациенти од кои на респираторна машина се тројца пациенти. Во болницата во Битола се хоспитализирани 21, а во болницата во Штип се хоспитализирани 41 пациент. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 120 пациенти – позитивни и сомнителни на Ковид-19.

Министерот за здравство Венко Филипче вчера на прес-конференција рече дека веќе неколку недели во континуитет во земјава има намалување на бројот на новозаболени и починати лица и зголемување на бројот на оздравени пациенти. Според него, ова се главните индикатори кои дозволуваат да се констатира дека состојбата со епидемијата е стабилна, воедно и состојбата со болничките капацитети, кои исто така се еден од најважните индикатори за евалуација на епидемиолошката состојба.

Филипче рече дека според последниот извештај на Институтот за јавно здравје, во периодот од 10 до 16 август се направени вкупно 11.605 тестирања, 2.062, односно 17,8 отсто, повеќе споредено со претходната недела.

Next Post

Постигнат е договор, Заев премиер со полн четиригодишен мандат

Shortcut

Најново

Андонов со провокативни „викенд прашања“ до Мисајловски

September 5, 2026

Државно организиран секс – кој ќе ја плати сметката?

September 5, 2026
Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

Глигоров и Филипче од Македонија

September 5, 2026

Проекција на пет кратки филма од македонски уметници во рамките на проектот „Жените и уметноста“

September 4, 2026

Филипче прашува за скриени 350 милиони евра, Мицкоски возвраќа дека СДСМ покажува економско непознавање

September 4, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Мицкоски: Јовановиќ призна дека Владата на СДСМ и ДУИ остави долг за кој денеска плаќаме камати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЦИВИЛ бара разрешувања и законска одговорност за величањето на Младиќ: Нема помирување без правда

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • До каде се реакциите на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ за четничкото дивеење на ДПСМ?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од празни селски училишта до преполни градски училници: Новата реалност на образованието

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Глигоров и Филипче од Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk