пишува: РИБАРО
Големи недоразбирања и гужви во белата палата, јавуваат извори од седиштето на вмровците, за АХА.
Откако вчера попладне лидерите на СДСМ и ДУИ објавија дека е постигнат договор Заев да биде премиер со полн четиригодишен мандат, Мицкоски им наредил на службите за комуникација со медиумите да постават прашање, – Да излези Заев и да каже кој ќе биде Премиер?
Најблиските соработници на Мицкоски го разубедувале во таа намера и му посочиле дека тоа е веќе соопштено и дека нема потреба да се бламираат со поставување на такви прашања.
– Нека излези Заев и нека каже кој ќе биде Премиер?! – викал Мицкоски по своите соработници
– Ама шефе завршена работа е тоа, нели сите гледавме што изјавија Заев и Ахмети на пресот, му повторувале Муцунски, Николовски и другите присутни и се обидувале да го смират Мицкоски.
Мицкоски дури се јавил и кај неговиот газда во Будимпешта, за да се увери, но и таа потврда не помогнала да се разубеди гневниот Мицкоски.
Изворите на АХА, известуваат дека драмата продолжила долго во ноќта, а сите напори на присутните не вродиле со резултат, зашто Мицкоски едноставно не можел да се помири со реалноста.
На крај, реагирало и обезбедувањето, па на Мицкоски му биле одземени врвките од чевлите и каишот од пантоломите во страв да не се самоповреди и го изолирале во неговата канцеларија.
– Врвките вратете ми ги, каишот… Ако не се рачуна договорoт меѓу Заев и Ахмети, тогаш јас ќе бидам Премиер, како не разбирате колку е едноставно?! – се слушале извици од белата палата до раните утрински часови, јавуваат за АХА случајни минувачи.
Рубриката АХА! е простор за хумор и сатира. Секоја сличност со реалноста е намерна и не е претерана.
FRONTLINE.MK