ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

СДСМ: Влада предводена од Зоран Заев, во полн четиригодишен мандат ќе испорача резултати

August 19, 2020 15:11
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

– Ви честитамe на одлуката што ја донесовте на 15 јули, земјата да продолжи по вистинскиот пат, по патот на економскиот раст и развој. Ви го честитамe формирањето на новата одговорна и транспарентна Влада посветена на интересите на граѓаните и државата, истакна на денешната прес-конференција портпаролката на СДСМ Богданка Кузеска.

Кузеска потенцира дека е постигнат коалициски договор меѓу СДСМ и ДУИ втемелен на силни принципи и поделба на одговорности во новата Влада предводена од СДСМ и претседателот Зоран Заев, која во полн, четиригодишен мандат ќе испорача резултати пред граѓаните.

„Квалитетни, чесни, одговорни и отчетни кадри ќе бидат предложени за сите ресори од двете страни, кадри кои се подготвени во целост да ги испорачаат програмските определби и принципи коалицискиот договор

Во Владата нема да се предлагаат министри без ресор, а исклучок ќе бидат вицепремиерските места.

Силна определба на коалициските партнери е да се јакне економскиот стандард на сите граѓани, платите да продолжат да растат, да се вложува во нови работни места, да се дава поддршка на домашниот приватен сектор и да се продолжи со привлекување на странски инвестиции.

Посветени сме на неселективна борба со криминалот и корупцијата на сите нивоа.

Како коалициони партенери, целосно сме согласни да се спроведе прочистување на правосудството и проверка на потеклото на пари и капитал кај секој функционер, низ систем што заеднички ќе биде договорен и кој ќе ги земе предвид најдобрите европски пракси.

Заедничка е определбата во борбата со коронавирусот која треба да остане врвен приоритет на јавното здравство

Меѓу коалиционите партнери, постои сериозна посветеност приоритетно да ги спроведуваме сите реформи во однос на нашето членство во Европската Унија

Пржинскиот модел на техничка влада 100 дена пред избори, ќе биде укината преку измени во Законот за Влада.

Активно ќе работиме на реализација на моделите за намалување на обемот на администрацијата за 20%, со цел граѓаните да добијат поквалитетни, подобри и побрзи услуги.

Овие заемно прифатливи принципи стануваат дел од новата владина програма, програма која целосно ќе го следи патот исцртан со членството во НАТО, патот определен со Договорот од Преспа со Грција, Договорот за пријателство, добрососедство и соработка со Бугарија и Охридскиот рамковен договор. Тоа е европскиот пат, патот на економијата, правдата и еднаквост

За две и пол години покажавме дека знаеме и умееме да ги решаваме големите отворени прашања, но и ги унапредиме условите за живот дома, да обезбедиме повеќе пари кај сите граѓани.

Тоа ќе продолжиме да го правиме уште повеќе и уште подобро.

Во следните 4 години ќе покажеме дека можеме уште повеќе и уште подобро да работиме за нашите сограѓани, за нашата татковина.“, рече портпаролката Кузеска, на прес-конференцијата од СДСМ.

Next Post

Филипче: Направени се 1902 тестирања, а регистрирани се 108 нови случаи на Ковид-19

Shortcut

Најново

Андонов со провокативни „викенд прашања“ до Мисајловски

September 5, 2026

Државно организиран секс – кој ќе ја плати сметката?

September 5, 2026
Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

Глигоров и Филипче од Македонија

September 5, 2026

Проекција на пет кратки филма од македонски уметници во рамките на проектот „Жените и уметноста“

September 4, 2026

Филипче прашува за скриени 350 милиони евра, Мицкоски возвраќа дека СДСМ покажува економско непознавање

September 4, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Мицкоски: Јовановиќ призна дека Владата на СДСМ и ДУИ остави долг за кој денеска плаќаме камати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЦИВИЛ бара разрешувања и законска одговорност за величањето на Младиќ: Нема помирување без правда

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • До каде се реакциите на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ за четничкото дивеење на ДПСМ?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од празни селски училишта до преполни градски училници: Новата реалност на образованието

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Глигоров и Филипче од Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk