ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Филипче: Благодарение на САД нашиот здравствен систем е чекор напред во квалитетот на услугите

August 20, 2020 18:57
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Министерот за здравство Венко Филипче, при денешната посета на реновираниот дел во лабораторијата при Институтот за јавно здравје, и се заблагодари на амбасадорката на САД Кејт Брнз за нејзиното, како што рече, несебично залагање да помогне уште од почетокот на пандемијата во зајакнување на нашиот здравствен систем. Филипче потенцира дека САД остануваат главниот стратешки партнер на нашата држава, како и во другите области, така и во здравството.

– Благодарение на Амбасадата на САД ќе имаме кабинет со биосејфти ниво 3 во делот на микробиологијата. Тоа ќе биде уште едно зајакнување и уште еден чекор напред во квалитетот на здравствената услуга која се дава и во технологијата за работа, рече министерот.

Тој потенцираше дека од почетокот на пандемијата во лабораторијата на Институтот немало ниту еден инфициран вработен, бидејќи се придржувале до препораките за заштита.

– Во оваа лабораторија, во која беа извршени првите тестови за коронавирусот и кон која, беше најголемиот притисок од пациенти од целата држава, започнаа да прави по 20 тестови на ден, а сега се прават и по 1.200 тестирања, рече министерот, кој им честиташе на вработените за нивната пожртвуваност за време на пандемијата.

Министерот Филипче изјави дека преку Американската Амбасада во нашата држава, нашиот здравствен систем од САД добил заштитна опрема и материјали. Инфективната клиника од САД добила помош во медицинска опрема, а Клиниката за гинекологија и акушерство заштитна опрема.

– САД потврдија дека се нашиот најсериозен стратешки партнер, како во другите области така и во здравството. Ова е продолжение на една соработка која трае подолго време. Во изминатиов период беше целосно реновирана Клиниката за нефрологија, потоа Психијатриската клиника-Демир Хисар. Сега во тек се градежните работи на максилофацијална хирургија, а следниот период ќе почнат и на Клиниката за хематологија, со што САД сериозно придонесуваат во зајакнување на нашиот здравствен систем, во делот на инфрастуктура и медицинска опрема, рече Филипче.

– Навистина е голема чест да се биде тука со министерот за здравство и директорот на Институтот за јавно здравје, со кои имам прилика да ги посетам реновираните лаборатории за микробиологија. Работата на експертите, стручните лица и техничари во овие простории е клучна и навистина значајна во справувањето со пандемијата, изјави за МИА по посетата амбасадорката Брнз.

Посочи дека она што го виделе денеска е импресивно и со задоволство може да каже дека дополнителните капацитети добиени со ова реновирање доаѓаат како резултат на неверојатната соработка меѓу Канцеларијата за соработка во одбраната на Соединетите Американски Држави, Министерството и Институтот.

-Работевме заедно, чекор по чекор, за да обезбедиме навремени одлуки за клучни проекти што ќе помогнат во подобрувањето на можностите за тестирање на оваа земја. Горда сум што можеме да ги видиме резултатите од научната соработка помеѓу Институтот и Центрите за контрола на болести во САД, за обезбедување обука и опрема, како овде денес така и во дневните извештаи од Министерството за здравство, рече Брнз.

Фактот што во поселедниве недели се прават повеќе од 1.700 тестови дневно, како што посочи американската амбасадорка, е потврда за одличната работа на Владата во справувањето со кризата во овој многу тежок период.

-Ние сме тука денес бидејќи веруваме и ќе ја продолжиме соработката со Институтот за јавно здравје и со Министерството за да им помогнеме да обезбедат подобри услуги за граѓаните на Северна Македонија. Затоа што знаеме, додека се соочуваме со предизвиците од КОВИД-19, заедно сме посилни, како колеги, пријатели и како сојузници, рече амбасадорката Брнз.

Next Post

„Планското труење со опасни отрови“ од авионите нема поткрепа во реалноста

Shortcut

Најново

Нови цени на горивата: Пад на дизелот за 7, а на бензините до 4 денари по литар

June 22, 2026

Тренчевска: По две години Влада на Мицкоски, резултатот од социјалните ветувања е чиста нула

June 22, 2026

Мицкоски најавува поевтинување на горивата: Бензините до 3 денари, а дизелот за 7 денари помалку по литар

June 22, 2026

Светски ден на бегалците, застрашувачка статистика: 118 милиони присилно раселени во 2025, ЦИВИЛ повика на одбрана на оние што бегаат од војна

June 20, 2026

Директорот на Државна лотарија кажа дека државата треба да има монопол на игрите на среќа

June 19, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Идентитетот како алиби за блокада

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: „Српскиот свет“ се промовира во Скопје, а институциите на ВМРО-ДПМНЕ молчат за присвојувањето на македонските манастири

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче до граѓаните: Не наседнувајте на истиот трик на Мицкоски од 2024 година

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски од Струмица: Опозицијата мисли дека е родена за власт, а ние сме тука да работиме за народот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Проф. Груевска: За Дејвид Гета има милиони, а за македонскиот јазик нула денари!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk