Денеска околу 12 часот во нива меѓу селата Франгово и Калишта,струшко, по оперативни сознанија пронајдена е разновидна муниција, гранати и РПГ. Во координација со обвинителството работиме на расчистување на случајот – се вели во официјалната изјава на МВР која пристигна брзо по објавувањето на ексклузивната вест на Фронтлајн.
Претходно, Фронтлајн објави дека, до моментот на објавување, биле пронајдени 30 сандаци со муниција, во кои имало и неверојатни 100 ракетни гранати и 16 рачни ракетни лансери.
Д. Е.