СУДОТ одредил мерка притвор за бизнисменот и советник во општина Охрид, Нефи Усеини. Мерка притвор доби и неговиот брат. полицијата е во потрага и по двајцата.
КРУШЕВЧАНЕЦ приведен за грабежот на банка во Крушево.
БРОЈОТ на починати од Ковид-19 во Русија надмина 16.000, откако во последните 24 часа беа регистрирани уште 110 смртни случаи, објави денеска кризниот центар за борба против коронавирусот.
ПОЛИТИКАТА на турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган е насочена кон дестабилизација на Европската унија, оцени францускиот претседател Емануел Макрон во интервју за „Пари мач“.
ПРОДОЛЖЕНИЕТО на конститутивната седница на Собранието на која тебаше да се реизбере претседавачот и претседател на минатиот собраниски состав Талат Џафери нема да се одржи денеска.
ЕСМ: Се истражуваат причините за несреќата во која загина работникот во Суводол.
Општина БЕРОВО е победник на конкурсот за најеко општина на Пакомак и Шпаркасе банка. Второ место е Општина Кавадарци, а трето место Општина Велес.
Младиот АРХИТЕКТ Никола Ѓорѓиевски од Скопје заедно со тим од Белград освои прво место на конкурс во Бања Лука.
Во ОРГАНИЗАЦИЈА на здружението за субкултура ПП ЏЕЗ ФЕСТИВАЛ, на 27,28 и 29 август 2020г, на летната сцена од Центарот за култура Марко Цепенков ќе биде одржано деветтото издание на Prilep Jazz Weekend фестивалот.
БИЛИ Ајлиш вчеравечер настапи на Националната демократска конвенција, но ја искористи приликата и да ги охрабри своите фанови да гласаат, не штедејќи на критики кон претседателот Трамп.
ГОЛЕМА раздвиженост на пратеници во Собранието на Република Северна Македонија.
ЛУКАШЕНКО ги отфрли критиките од ЕУ, продолжуваат протестите во Белорусија.
ТИХАНОВСКАЈА е безбедна во Литванија, соседните држави поддржуваат нови, фер и слободни избори во Белорусија.
ОБНОВАТА на Европа, Белорусија, Турција, Мали, Либан се наоѓаат на менито на средбата меѓу Макрон и Меркел.
Ј. Ѓ.