Новата влада, наместо 26, како досега, ќе има 19 министри или седум помалку.
Од 8-те министри со ресор кои доаѓаат од редовите на СДСМ , 4 се жени, 4 се мажи. На овој начин СДСМ покажа дека останува доследна и во ваква комплексна ситуација на коалициско договарање, ако се земе во предвид дека постојат 26 политички партии заедно со партијата ДУИ .
СДСМ уште една испрати јасна порака дека цврсто се залага за еднаквост помеѓу мажите и жените во нашата земја.
Заев на вчерашното обраќање до јавноста по оддржувањето на Централниот одбор на СДСМ посочи и дека наместо гломазен кабинет за кој постоеја критики и од јавноста претходно сега се создава нова ефикасна влада со полн капацитет, алудирајќи на укинувањето на министерските места без ресор.
Ние сме мала земја и секако дека треба да ги рационализираме нашите ресори-посочи Заев.
Во рамки на Владата користејќи ги постоечките капацитети на човечки ресурси ќе се создадат и секретиријатите и дирекциите, со оглед на тоа дека таму работат лица кои професионално си ја работат работата повеќе од 20 -30 години.-посочи Заев во однос на промените за намалување на бројот на министерски ресори.
За ваквиот нов состав на Владата од страна на СДСМ и претседателот Заев, пофалби по медиумите и социјалните мрежи стигаа и во текот на вечерта по објавувањето на новиот состав и денеска во текот на денот.
Со оглед на персоналните решенија во министерствата, оправдани се очкувањата на јавноста од ефикасна, стабилна влада која ќе мора брзо да ги решава отворените прашања.
Д.Е.