Две пратенички на опозицијата доста директно и речиси навредливо од говорницата го нападнаа предложениот спикер на Собранието, Талат Џафери, во обид да звучат надмено и потценувачки, неколкупати реферираа за него како „тој пратеник“, „овој човек“ итн.
Во свој смирен стил при очекувани провокации, Џафери им одговори на тоа „Јас имам име и презиме, не сум „тој човекот“, „оној човекот“, не ви се обраќам јас на вас со „оваа пратеничка“ „онаа пратеничка“. Старите пратеници дури и преку маска ги препознавам.“
А. Н. С.