Со СДСМ платите растат побрзо и за време на светска криза. Покажавме како домаќински се работи во интерес на граѓаните, напиша Заев на својот профил на Фејсбук.
За само три години просечната плата порасна за 4.059 денари од 22.808 денари во јуни 2017 на 26.867 денари во јуни 2020 година.
Споредено со времето кога ВМРО-ДПМНЕ беше на власт во периодот јуни 2014-јуни 2017, просечната плата бележеше зголемување за само 1.575 денари.
Во следниот мандат ќе покажеме дека можеме уште повеќе и уште подобро за граѓаните, за државата. Платите ќе растат уште повеќе за уште подобар животен стандард на сите, напиша премиерот Заев.