ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home КРИМИНАЛ

Топалоски ја смени изјавата: Да бидам искрен, оружје не видов

Сакам да потенцирам дека се работи само за едно недоразбирање, кое е надминато. Нефи бил и ќе биде мој пријател. Би ја замолил јавноста и медиумите да се занимаваат со други поважни, а не вакви исконструирани настани, стои во изјавата на Топаловски.

August 21, 2020 22:47
in ДЕНЕС, КРИМИНАЛ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Во денешната изјава која до медиумите ја испрати адвокатот на Спирко Топалоски, Кристијан Спироски се вели: Јас Спирко Топалоски сега во добра здравствена состојба, сакам да ги демантирам написите кои деновиве излегоа во јавноста, надвор од контекст и надвор од сѐ што се случи критичниот ден, пренесува Охрид1.

Од еден немил настан и расправија, која произлезе најверојатно од политички причини односно од структури за мене непознати со цел да се дискредитира неговото име и да се наруши нашето пријателство се направи филм.  Додека јас и Нефи разговаравме, добив удар од задната страна и од стресот што го добив, особено и поради тоа што мојот син беше присутен добив погрешен впечаток за сѐ. Да бидам искрен, оружје не видов, но во целата таа паника што настана се стекнав со таков впечаток како да има пиштол, а всушност немаше. Сакам да потенцирам дека се работи само за едно недоразбирање, кое е надминато. Нефи бил и ќе биде мој пријател. Би ја замолил јавноста и медиумите да се занимаваат со други поважни, а не вакви исконструирани настани.

Потсетуваме дека по немилиот настан Топалоски сам се обрати до медиумите барајќи да објават што доживеал по средба со советникот Нефи Усеини. Тој меѓу другото првично рече:

Ме нападна Нефи Усеини, квази криминалецот кој го опостуши цел град“.

По четири дена од инцидентот засега, на веб страницата на МВР во делот на потраги нема податок за распишана домашна или меѓународна потерница бидејќи за распишување на потерница е потребна наредба од судот велат од МВР. Досега такво барање не е доставено.

Браќата Усеини, се товарат за насилство врз охриѓанецот Спирко Топалоски. Според тврдењата на Топалоски во вторникот на пладне пред познат хотел во Охрид бил нападнат од советникот Нефи и неговиот брат со пиштол по главата, а истиот пиштол бил вперен и кон неговиот малолетен син.

Овие тврдења беа констатирани и од снимките на надзорните камери од хотелот, па полицијата во средата поднесе кривични пријави против Усеини под сомнение дека ги сториле кривичните дела „насилство“ и „неовластено држење на оружје или распрскувачки матeријали“.

По кривичната пријава вчера и основното јавно обвинителство од Охрид отвори предмет за овој случај, а судот одреди мерка притвор од 8 дена, стои во текстот на Охрид1.

 

Next Post

Мароканската полиција заплени 13 тони смола од канабис

Shortcut

Најново

Уште еден пациент почина од западнонилска треска, шести случај со смртни последици

August 27, 2026
Илустрација Фронтлајн

Нафтен танкер погоден од непознат проектил во Ормуската Теснина

August 27, 2026

Четири активни пожари, три се под контрола, а 24 се изгаснати

August 27, 2026
Фото: Министерство за транспорт

ВЛЕН и ДУИ во нова политичка пресметка за автопатот Скопје–Блаце

August 26, 2026

Мицкоски: Историски момент за државата, започна изградбата на автопатот Скопје – Блаце

August 26, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Нешто не е в ред со Вучиќ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДУИ обвинува за малтретирање на дијаспората, ВЛЕН возвраќа дека ги чека политичка пензија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ширење на западнонилската треска во Скопје: Епидемиолошка криза, мерки и политички реакции

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Трамп е наш, ние сме трапави!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски тврди дека пензиите растат рекордно, Филипче обвинува за криминални тендери и осиромашување на граѓаните

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk