ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Кавракова од ВМРО-ДПМНЕ: Мицкоски нѐ уверуваше дека победата само што не дошла, се сервираа нереални анкети во кои водевме

Се покажа дека Мицкоски бил лажна надеж. Се покажа дека нема капацитет да ја консолидира партијата, наместо тоа тој го подели членството на кредибилни и некредибилни, на инфицирани и неинфицирани … Се покажа дека тој не може да ја врати партијата на победничките патеки, истакнува Кавракова.

August 23, 2020 14:25
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, СКАНДАЛИ
Share on FacebookShare on Twitter

Марина Кавракова, Претседател на Градски комитет на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ и член на Иницијативниот одбор за свикување на вонреден конгрес преку соопштение ги коментираше актуелните случувања во партијата и побара оставка од Христијан Мицкоски, како и свикување вонреден конгрес, стои во текст на А1он.

Во врска со актуелните случувања во ВМРО-ДПМНЕ, а како долгогодишен членка и актуелна претседателка на Градскиот комитет на Унијата на жени во Скопје, чувствувам потреба јавно да го артикулирам мојот личен став. Во декември 2017 година на вонредниот конгрес на партијата во Валандово, делегатите на Конгресот меѓу кои и јас, го избравме Христијан Мицкоски за претседател на ВМРО-ДПМНЕ. Тогаш многумина од нас гледаа во него нова надеж и нова енергија во ВМРО-ДПМНЕ. Гледавме како на човек со кого многу брзо ќе се вратиме на победничките патеки. Членството му веруваше и очекуваше.

Мицкоски во говорот на Конгресот, но и подоцна, постојано повторуваше дека главна цел му е консолидација на партијата и победа на следните парламентарни избори. Велеше дека лидерот на ВМРО-ДПМНЕ треба да исполнува три основни столба: да биде лик што ќе биде прифатен од сите граѓани, да има позитивен рејтинг во јавноста и да биде прифатен од меѓународната заедница, пишува Кавракова.

Со овие негови позиции тогаш се согласивме 376 делегати на Конгресот во Валандово, но и најголемиот број на членови на партијата. Наследи партиска структура што беше желна за работа и победа на следните парламентарни избори. Во нив се вбројувам и себе си, како член на тесното раководство на УЖ на ВМРО-ДПМНЕ, како и претседател на скопскиот Градски комитет на УЖ. Сите заедно работевме за победа на последните парламентарни избори.

Мицкоски нѐ уверуваше дека победата само што не дошла. Се сервираа нереални анкети во кои убедливо водевме. За жал се покажа дека тоа било само лажна надеж, купување време и мир во партиската структура.

Се покажа дека Мицкоски бил лажна надеж. Се покажа дека нема капацитет да ја консолидира партијата, наместо тоа тој го подели членството на кредибилни и некредибилни, на инфицирани и неинфицирани … Се покажа дека тој не може да ја врати партијата на победничките патеки.

Денес, од оние фамозни три столба кои сам си ги постави како услов за успех, не исполнува ниту еден од нив. Токму затоа е време за оставка и за свикување вонреден конгрес, се вели во писменото соопштение на Марина Кавракова, Претседател на Градски комитет на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ.

Извор: А1он.

Next Post

Преписка со еден наш политичар

Shortcut

Најново

Од ладна резерва до рекордна добивка: Што се случи со ТЕЦ „Неготино“ во кризата?

August 30, 2026

ЦИВИЛ бара разрешувања и законска одговорност за величањето на Младиќ: Нема помирување без правда

August 30, 2026

Исланд го отфрли враќањето на преговорите со ЕУ

August 30, 2026
Кијивска област, 29 август 2026 (извор: ДСНС)

Триесет часа руски напад врз цивилите во Украина: Расте бројот на жртвите, најмалку 37 загинати

August 29, 2026

До каде се реакциите на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ за четничкото дивеење на ДПСМ?

August 29, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Трамп е наш, ние сме трапави!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Нешто не е в ред со Вучиќ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДА Македонија: Дали партнерите на ДПСМ во власта ја делат истата глорификација на воените злосторства на Ратко Младиќ?!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Секс со здравиот разум и демократија во сите пози

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Смртта на Ратко Младиќ: Крај за еден воен злосторник, но не и за негирањето на вистината

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk